ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Работа
Без разлика каква и да е ситуацијата, оваа недела без проблем ќе можете да ја решите. Веќе ви е преку глава од некои луѓе, работи и ситуации и едноставно сакате да ставите точка. Но, воздржувајте се од какви било конфликти.
Љубов
Би било добро да не започнувате кавги со вашиот партнер, зашто секако нема да ви донесе ништо добро. Искористете го овој период да внесете позитивни информации и добра енергија во вашиот однос. Доколку сте слободни, тогаш ви претстојат возбудливи и непредвидливи изненадувања. Едно такво изненадување е појавата на личност од минатото.
Здравје
Кај помладите ќе биде присутна нервозата, а кај постарите проблем со крвниот притисок и несоница.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Работа
Поради периодот на годишните одмори, можно е да се појават повеќе стресни ситуации од дополнителните обврски. Колку и да ѝ сте посветени на работата, сепак повремено ќе бидете нервозни зашто другите околу вас не функционираат на ист начин.
Љубов
Вие и вашиот партнер постојано ќе бидете на некоја дистанца и ќе не можете да се стабилизирате. Деновите ќе ви бидат променливи: Во некои од нив ќе функционирате одлично, а во други нема да сакате да се погледнете во очи. Доколку сте слобони, тогаш очекувајте промени во вашиот емотивен живот.
Здравје
Проблеми со стомакот и варењето.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»