Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Неделен хороскоп: Лавовите ќе уживаат во вниманието од спротивниот пол, а Стрелците треба да очекуваат прилив на пари

Реклама

 

РАК (21 јуни – 20 јули)

Маркетинг

Работа

Оваа недела особено внимание обрнете на деловната комуникација. На работното место ќе бидете активни, обврските ќе ви се трупат, па не е ни чудно што ќе ви се појави нервоза и стрес.

Маркетинг

Љубов

Разумот ви вели едно, чувствата ви велат друго, а вам ви е тешко да ги усогласите. Понекогаш имате чувство дека вие и вашата сакана личност се вртите во круг и не можете да решите одредени прашања кои одамна ве мачат, Доколку сте слободни, можно е и понатаму да бидете окупирани со мислите за некоја бивша љубов, при што нема да им дозволите на новите додворувачи да влезат во вашиот свет.

Здравје

Стомакот ќе ви биде особено чувствителен.

Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Работа

Оваа недела подгответе се за комплициран однос со вашите шефови и со некои други личности кои ќе се обидат да се однесуваат авторитативно кон вас. Водете сметка за тоа да не бидете брзи со зборовите и со изјавите. Брзањето само може да ве втурне во нови проблеми и да ви постави пречки кон вашите цели и планови.

Љубов

Оваа седмица само делумно ќе успеете да ги ублажите односите со вашиот партнер, па и понатаму ќе бидете нервозни и ќе си наоѓате замерки еден со друг. Оставете ги сите работи на страна и ставете го партнерот на прво место, па потоа очекувајте промени. Доколку сте слободни, оваа недела ви нуди одлични можности да влезете во нова љубовна авантура која ќе биде многу страсна и бурна. Уживајте во вниманието кое ви го посветува спротивниот пол!

Здравје

Би било добро да бидете повеќе физички активни.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Работа

Ќе имате многу нови планови и идеи, но тешко дека ќе можете да ги реализирате сите. Ќе мора да се фокусирате само на она што мислите дека е најреално и што може најбрзо да се оствари. Некои важни идеи чувајте ги за себе, зашто околу вас имате многу силна конкуренција.

Љубов

Слободните Девици ќе бидат ставени на големо искушение. Имено, може да се појави личност во која одамна сте биле заљубени, а која моментално е во љубовна врска, па вие ќе бидете спречени повторно да ја освоите. Ако сте зафатени, тогаш и пред вас стојат искушенија на кои тешко дека ќе можете да им одолеете, па малку ќе му се препуштите на флертот.

Здравје

Нагласена е нервозата и проблеми со спиењето.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница
Back to top button