РАК (21 јуни – 20 јули)
Работа
Во текот на целата недела треба да внимавате пред кого се отворате и кому верувате, особено ако имате многу колеги. Ако вашата работа има врска со градежништво или архитектура, може да добиете понуда од странство. Сепак, пред да ја прифатите, посоветувајте се со вашите блиски.
Љубов
Односите со партнерот ќе ви бидат малку изладени, а неповолно на вас ќе влијае и односот со личност која се занимава со туризам, транспорт или шпедиција. Кон крајот на неделата, воздржувајте се од какви било расправии.
Здравје
Спијте доволно.
Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Работа
Оваа недела треба да бидете внимателни со трошењето, а во тоа ќе ви помогне една Водолија, токму кога најмалку ќе се надевате. Кон средината на оваа недела може да започнете да работите на некој нов проект, особено ако вашето занимање е поврзани со медицина, фармација или наука. Кон крајот на неделата, очекувајте голема поддршка од еден Овен.
Љубов
Оваа недела за вас се најавуваат возбудливи случувања на емотивен план, но и можни прекинувања на врската. При крајот на неделата можете да сретнете личност која нема целосно да биде искрена кон вас. Некој Стрелец мисли на вас.
Здравје
Чувјате се во сообраќајот.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Работа
До средината на оваа недела, бидете особено внимателни со вашите обврски и крајни рокови. Во втората половина веќе ќе можете да пронајдете нова сила за соработка со партнерите, особено ако се занимавате со уметност или спорт. Послушајте совети од Рак или Водолија.
Љубов
Во почетокот на оваа недела можна е средба со личност која најверојатно не е слободна, но тоа нема да ја спречи да ви се додворува. Многу планети оваа недела ви најавуваат љубоморни сцени и кавги со партнерот.
Здравје
Чувајте се од стресни ситуации.
Премини на следната страна >>