ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Работа
Оваа седмица ќе вложувате многу во својата работа, но сепак ќе се борите со крајните рокови и ќе се нервирате околу ситници. На крај ќе сфатите дека сета нервоза била без причина…
Љубов
И во емотивните односи оваа недела ќе ви владее еден ред бура, еден ред љубов… И покрај ова, ќе успеете некако да балансирате и да се прилагодите кога ви е потребно. Ако сте слободни, внимавајте одлуките да не ги базирате на својата моментална емоционална состојба. Можна е неочекувана бурна страст…
Здравје
Оваа седмица ќе бидете под голем притисок, па затоа одморајте се повеќе.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Работа
Повеќе работа, повеќе одговорности… Ќе работите напорно и ќе се чувствувате уморно. Можен е и конфликт со надредените.
Љубов
Вашиот партнер ќе биде по малку нервозен овие денови, но не мора да значи дека вие сте криви за тоа. Пронајдете смирен начин да разговарате за проблемите. Слободните Скорпии може да имаат авантури со личности кои се зафатени. Моментално немате некои „вистински“ прилики.
Здравје
Оваа недела здравствениот сегмент ќе ви биде доста нестабилен. Стрес, вируси, повреди…
Овој хороскопски знак е во состојба да ги чита вашите мисли >>
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Работа
Тешко е да се работи кога се мисли на десет страни. Но, вие ќе се трудите да ги исполните вашите обврски, иако малку ќе се нервирате поради доцнењето… Комуникацијата со соработниците ќе ви биде доста нестабилна.
Љубов
Партнерот и вие тешко се согласувате за некои прашања, но сепак, ќе се обидувате да пронајдете заеднички јазик./ Оние кои се слободни нема да имаат некои добри љубовни прилики. Вие го затворивте своето срце и не сакате да се враќате чекор наназад, барем за сега.
Здравје
Слаб имунитет.
Максимално посветен и крајно лојален: прочитајте кој е најверниот хороскопски знак >>
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Работа
Оваа недела ќе ви биде истовремено и поволна, но и напорна. Напорна во смисла на тежината и притисокот кој го чувствувате од страна на другите луѓе и околностите, а добра затоа што нема да попуштите и ќе се држите со добро темпо.
Љубов
Неповолен период во љубовните врски и браковите. Комуникацијата со партнерот ќе ви биде напната и наместо да ги решавате проблемите, вие само дополнително ќе ги комплицирате.
Здравје
Добро е да направите здравствена контрола.
Премини на следната страна >>