РАК (21 јуни – 20 јули)
Ќе бидете конкретни и прецизни во деловната комуникација и во преговорите со вашите соработници. На полето на љубовта ве очекува флерт со личност од вашето блиско окружување. Ова е поволна фаза да почнете да ги менувате вашите лоши и штетни навики. Ви се најавува подобрување на здравствената состојба.
Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Можно е да бидете малку загрижени за вашите финансии, иако на крај сите работи ќе излезат позитивни. Пред вас е период во кој ќе сретнете нова љубов. На полето на здравјето ве очекуваат мали проблеми со грлото, воспаление и проблеми со крајниците.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Оваа недела не е многу поволна за вашата работа, а посебно не донесувајте одлуки кога сте под дејство на вашите силни емоции. На полето на љубовта можете да бидете склони кон некои заблуди и да не умеете да ги согледате работите на вистинскиот начин. На полето на здравјето ве очекуваат потешкотии поврзани со главоболка и крвен притисок.
Премини на следната страна >>