ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Турбулентни промени на вашето работно место, но трудете се да ја задржите својата концентрација. Самиот крај на месец мај може да биде полн со кризи за Вагите кои се во брак или пак за оние кои се во долга и стабилна врска. Добра здравствена состојба.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Оваа недела ќе сфатите дека покрај вас имате добри пријатели кои ви помагаат секогаш кога ви е потребна помош и поддршка. Скорпиите кои се во брак или долгогодишна врска, може да очекуваат складни односи со саканата личност. Нема да имате некои здравствени проблеми оваа седмица.
Овој хороскопски знак е во состојба да ги чита вашите мисли >>
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Не очајувајте ако вашите приходи нагло опаднат. Нема да продолжите во овој правец, зашто ќе бидете трудољубиви и брзо ќе излезете од оваа криза. Една личност родена во знакот Девица во вас ќе разбуди нешто таинствено, а вие нема да бидете подготвени да ѝ вратите соодветно. Добра здравствена состојба.
Максимално посветен и крајно лојален: прочитајте кој е најверниот хороскопски знак >>
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
На деловен план работите ќе ви се одвиваат солидно и вие ќе бидете свесни за своите квалитети. Поддршката од семејството и најблиските секако ќе ви биде од значење, па трудете се и вие да им бидете од помош на оние кои најмногу ги сакате. Обидете се повеќе да бидете физички активни.
Премини на следната страна >>