РАК (21 јуни – 20 јули)
Работа
Водете сметка за тоа со кој ќе склучувате соработка, а доколку имате сериозни проблеми најдобро е да се советувате со правник или адвокат. Кон средината на неделата ќе воспоставите подобра комуникација со вашите колеги, а на крајот на неделата може да ја проширите соработката.
Љубов
Овој период не е најповолен за донесување важни одлуки во врска со вашиот љубовен живот, па затоа не брзајте ниту со раскинување ниту со развод. Во првата половина од оваа недела може да запознаете интересен Јарец. Кон крајот на периодот партнерот ќе ви припреми пријатно изненадување, особено ако станува збор за некој земјен знак.
Здравје
Избегнувајте газирани пијалаци.
Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Работа
Во почетокот на оваа недела ќе се обидете да ги завршите сите започнати работи. Но, бидете внимателни при патување, како и при потпишување договори за нова соработка.
Љубов
Оваа недела може да забележите дека ви се додворува некој земјен знак, особено ако сте родени кон третата декада. Во втората половина од оваа недела можни се нови познанства преку социјалните мрежи со некоја атрактивна и млада личност.
Здравје
Потребно ви е повеќе одмор.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Работа
Оваа недела нема да имате некој хармоничен однос на полето на кариерата, па може да дојде до пролонгирање на некои договори. Сета ситуација неповолно ќе влијае и на вашите проценки и заклучоци, па затоа би било добро да се советувате со некоја поискусна личност.
Љубов
Вам ве очекува страст, но и посесивност и љубомора, па затоа најдобро е да избегнувате секаков вид расправии со вашиот партнер. Можни се и познанства со некоја Девица или некој Бик, но на краток пат.
Здравје
Чувајте се од повреди во вашиот дом.
Премини на следната страна >>