РАК (21 јуни – 20 јули)
Работа
Оваа недела ќе забележите големи промени во работниот сегмент. Тоа ви е јасно, иако со сите сили се трудите да ги контролирате тие промени. Не трошете ја силата на некои работи кои нема да вродат со плод.
Љубов
Кризи, драматизирања… таков е описот за вашата љубов овој месец. Во еден момент ќе го сакате вашиот партне, а веќе во друг ќе ви биде смачено од сите работи во светот. Доколку сте слободни, тогаш за љубов подобро почекајте ја наредната недела.
Здравје
Можни се настинки, особено кај постарите претставници на овој знак.
Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Работа
Иако можеби чувствувате дека чекорите по нестабилно тло, ништо не може да ја загози вашата работна позиција. Немате совршена комуникација со останатите, но тоа и не ви е потребно за да ги остварите своите очекувања.
Љубов
Имате чувство дека партнерот целосно ја има контролата, и не сте далеку од вистината. Сега играте како диктира другата страна, па навикнете се на ритамот… Ако сте слободни, една личност може да ви се допадне и да се издвои од останатите.
Здравје
Моментално се чувствувате подобро од кога било. Сепак, имунитетот и понатаму ви е слаб.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Работа
Ќе слушнете милион и еден предлог и совети, па ќе бидете збунети и нема да знаете што да направите. Имате некои шанси да го промените текот на работите, само зависи од вашата трпеливост.
Љубов
Оваа недела може да ви биде исполнета со страст, смеа и забава, но проблемот е што внатре во себе се чувствувате многу несигурни, па си ги преиспитувате емоциите кон партнеот. Доколку сте слободни, нема да имате некои особено важни љубовни средби.
Здравје
Нервоза, немир, проблеми со спиењето.
Премини на следната страна >>