Хороскоп од 04.02 – 10.02.2019 година!
ОВЕН (21 март – 20 април)
Работа
На другите едноставно не им е јасно како успевате да ги завршите обврските во предвидениот рок. Работите лесно ви одат од рака, но така мислат само другите, а вие најдобро си знаете низ што поминувате и низ каков стрес сте изложени. Борете се за нешто ново, нови договори, нови соработки. Можеби ќе откриете нешто доста интересно.
Љубов
Вашиот партнер ве оптеретува околу некои прашања, но вие не се отворате толку лесно. Малку се правите „луди“, односно гледате не секој можен начин да ја избегнете ситуацијата. Доколку сте слободни, очекувајте познанство со личност која е многу поинаква од останатите.
Здравје
Обрнете внимание на исхраната и на промената на времето.
БИК (21 април – 20 мај)
Работа
Напнати сте и нервозни поради многу отворени прашања поврзани со вашата работа. Но, рално гледано, и покрај тоа работите се одвиваат со нормален тек. Започнете го она што сте го наумиле. Резултатите ќе дојдат подоцна.
Љубов
Од една страна ќе чекорите по сигурно љубовно тло, но од друга страна ќ ви биде потребно многу врме за д апромените нешто во вашиот однос, што одамна посакувавте. Ако сте слободни – излегувајте и флертувајте, но не сметајте на некои посериозни љубовни прилики.
Здравје
Водете сметка за имунитетот.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Работа
Оваа недела ќе се снаоѓате во секоја ситуација, дури и во онаа најкоплицираната. Отворна ви вратата за проширена соработка или за формирање нови познанства. Неделава ќе ви помине доста брзо, а на крај ќе бидете задоволни со вашите резултати.
Љубов
Реално гледано, нема да постојат некои поголеми проблеми во односите со вашиот партнер. Ќе се вклопувате и ќе успете да пронајдете заеднички јазик. Ако сте слободни, тогаш ќе се најдете во круг на интересни луѓе, но не ви се советува да започнете нешто посериозно.
Здравје
Кревки сте. Потрудете се да го зајакнете имунитетот.
Премини на следната страна >>