Хороскоп од 13.08 – 19.08.2018 година!
ОВЕН (21 март – 20 април)
Работа
Оваа недела дополнително ќе се активирате. Ќе размислите занекои поранешни понуди, а ќе стапите и во контакт со некои поранешни деловни партнери. Тешко е дека ќе успеете да направите некој позначаен чекор, но барем нема да стоите во исто место.
Љубов
Бидете среќни затоа што саканата личност ќе биде посветена кон вас, со нагласена страст и желба за комуникација. Но, што се однесува до искажувањето емоции, вие ќе бидете малку груби. ако сте слободни, вие ќе сакате целосно да уживате во слободата, па нема да одговарате на ничии повици.
Здравје
Проблеми со варењето.
БИК (21 април – 20 мај)
Работа
Оваа недела ќе ви биде мирна и опуштена. Секако дека ќе имате притисок од наредените, но вие ќе најдете начин како да се справите со сето тоа, без да си правите дополнителни стресови и проблеми. Некои тензии ќе се намалат до крајот на оваа недела.
Љубов
Една личност веќе одредено време „се мотка“ околу вас, повремено покажувајќи дека е заинтересирана за вашето друштво. Но, вие сте недефинирани… Доколку сте во врска или брак, претстојниве денови ќе се чувствувате задоволни и ќе ви годи друштвото на саканата личност.
Здравје
Поволна здравствена ситуација.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Работа
Некои ситуации на работното место особено ќе ве нервираат, при што ќе ги губите нервите и енергијата. Прифатете дека не можете да промените некои работи, па пуштете ги да се решат самите по себе.
Љубов
И покрај емоциите кои постојат помеѓу вас и вашиот партнер, вие ќе имате проблеми поврзани со комуникацијата и договорите. Молчите тогаш кога треба да зборувате, а зборувате тогаш кога подобро е да измолчите… Доколку сте слободни, ќе забележите дека некоја особено интересна личност покажува наклонетост кон вас, но вие ќе глумите неосвоиви.
Здравје
Проблеми со циркулацијата и крвниот притисок.
Премини на следната страна >>