ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Работа
Полека може да почнете со реализирање на своите идеи. Од вас ќе се очекува да вложувате максимална сила, но тоа не би требало да ви претставува проблем. Во суштина, пред вас е една добра недела.
Љубов
И понатаму ќе уживате со вашиот партнер, без многу карања и турбуленции. За сега немате потреба од дополнителни грижи, зашто одлично се разбирате. Доколку сте слободни, околу вас ќе има повеќе интересни личности, а викендот ве очекува интересен повик за излегување.
Здравје
Можни се проблеми со алергии.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Работа
Генерално гледано, работите оваа недела ќе функционираат во ваша корист, а вие не треба премногу да детализирате, за да не се разочарате. Не дозволувајте негативните колеги да влијаат на вашата мотивација за успех.
Љубов
Повремено ни самите вие не можете да си ги сфатите чувствата, а не пак тоа да го очекувате од вашиот партнер. Во еден момент сте полни со љубов и разбирање, а веќе во наредниот доаѓа до проблеми во комуникацијата. Ако сте слободни, ви претстои страст и уживање, а вие во некои моменти ќе бидете во искушение што од тоа да прифатите.
Здравје
Проблеми со кожата.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»