ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Работа
Достакоректно ќе ги извршувате сите активности, па дури и ако ви се појаватмали пречки, со малку труд може да ги преминете. Плановите ќе ви дадат добри резултати и вие ќе бидете дополнително мотивирани.
Љубов
Ако сте во врска или брак, кај вас може да бидат актуелни некои љубоморани испади. Размислете добро, вие треба да бидете таа личност која ќе настојува да одржува баланс и да прави компромиси. Ако сте слободни, бидете среќни, зашто околу себе ќе имате еден куп додворувачи!
Здравје
Можни се проблеми со стомакот.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Работа
Можно е да правите нови договори со вашите претпоставени. Секако дека вие ќе имате една од водечкиките улоги, што дополнително ќе ве мотивира. Генерално гледано, оваа недела конечно ќе имате мирна глава.
Љубов
Ќе ви се намали љубомората и посесивноста, при што вашиот партнер ќе биде задоволен. Ќе ја подобрите вашата комуникација, но повремено повторно ќе чувствувате напнадост. Доколку сте слободни, кај вас ќе доминира страстта. Уживајте!
Здравје
Одморот ви е неопходен.
Овој хороскопски знак е во состојба да ги чита вашите мисли >>
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Работа
Ќе се ослободите од некои тешки товари кои ве мачеа претходниот период. Исто така ќе имате можност за напредување, а доколку е во прашање соработка со странство, можно е да имате потежок почеток, но и гарантирани успеси. И понатаму ќе се наоѓате во период кога ќе имате еден куп обврски.
Љубов
Оваа недела нема да ви биде лесно да се усогласите со вашиот партнер, но очигледно е дека и двајцата се трудите да ги доведете работите во ред. Ќе ви одговараат некои заедничкиактивности. Ако сте слободни, очигледно е дека ви се допаѓанекоја личност, но освен добра комуникација, овој период не можете да очекувате ништо друго.
Здравје
Проблеми со циркулацијата и крвниот притисок.
Максимално посветен и крајно лојален: прочитајте кој е најверниот хороскопски знак >>
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Работа
Покажете ја вашата вистинска сила и енергија и почнете да ги активирате промените кои одамна си ги замислувате. Конечно ќе можете да видите некои конкретни резултати, што моментално ќе ви биде од голема важност.
Љубов
Ако сте во врска или брак, ќе чувствувате дека вашиот партнер ви пружи повеќе љубов и разбирање, отколку што вие му нудите нему. Би било добро ако повеќе се посветите еден на друг. Ако сте слободни, оваа недела не очекувајте посебни прилики за љубов…
Здравје
Ќе се чувствувате одлично и полни со енергија.
Премини на следната страна >>