РАК (21 јуни – 20 јули)
Работа
Деловниот сегмент ви е прилично добар оваанедела. Може да имате мали проблеми со колегите или соработниците, кои постојано ќе ве питуваат за совети или помош, но лесно ќе успеете да ги избегнете кавгите.
Љубов
Оваа недела ќе имате многу чудно и променливо расположение. Од една страна вашите емоции ќе бидат разбранувани, а од друга страна ќе сакате да поминувате што е можно повеќе време со вашиот партнер. Доколку сте слободни, ова е добар период за да му се приближите на некој кој одамна ви изгледа привлечно и симпатично.
Здравје
Обрнете повеќе внимание на исхраната.
Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Работа
Конечно ќе ставите точка на некои работи кои ви ја крадеа енергијата изминадиот период. Ќе имате одлични шанси да започнете интересна и профитабилна заработка. Но, внимавајте, ако се странци во прашање, тогаш ќе треба малку повеќе да се потрудите.
Љубов
Со вашиот партнер нема да имате никакви недоразбирања и ќе уживате во меѓусебниот мир и стабилност. Но, и ова ќе ви здосади брзо, па затоа малку ќе ја вклучите и своајта љубомора. Ако сте слободни, убави прилики се на вашиот пат. Ќе запознаете личност која ќе ве плени уште веднаш.
Здравје
Не форсирајте се премногу во физичките активности.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Работа
Ќе имате потреба некои свои идеи и планови подетално да ги разработите, но истите нема да сакате да ги споделите со вашитеколеги или соработници, што во наредниот период ќе се покаже како вистинскиот потег. Сега сте во можност вистински да ги проценувате ситуациите.
Љубов
Ако сте една од тие Девици кои паралелно додека се во врска бараат и нова љубов, тогаш време е да станете поозбилни и да размислите за вашите недолични потези, затоа што постои голема можност за катастрофални гешки. Оние кои се слободни ќе уживаат во својата самотија, но и ќе бидат во центарот на сите случувања.
Здравје
Мали проблеми со уринарни инфекции.
Премини на следната страна >>