Хороскоп од 28.01 – 03.02.2019 година!
ОВЕН (21 март – 20 април)
Работа
Не сакате многу да се потпирате на другите, но оваа недела ќе мора да размислувате во таа насока. Постојат личности кои ви ја нудт својата поддршка, совет или помош. Во период сте кога вреди да ги здружите силите со некоја ваша блиска личност.
Љубов
Кај зафатените Овни и понатаму трае периодот кога страстта е клучен елемент во односите со саканата личност. Особено внимание обрнете на деновите од викендот, затоа што тие посебно ќе ви бидат нестабилни. Ако сте слободни, ќе привлекувате пркрасни погледи од спротивниот пол.
Здравје
Посебно ќе бидете чувствителни на студенилото. Можни се и главоболки.
БИК (21 април – 20 мај)
Работа
Работно ќе функционирате добро, а во текот на оваа седмица можно е да ви се отворат нови понуди и работни прилики. До вас може д стигнат информации кои во еден момент ќе ве направат неспокојни, но подоцна ќе сфатите дека премногу негативно сте гледле на работите.
Љубов
Оваа недела ќе имате многу чудни односи со саканата личност. Од љубов и страст, до љубомора и кавга, од смеа до притисоци и манипулации. Ако сте слободни, тогаш во вашиот живот може на брзина д влета некоја нова личност. Е сега, прашање е дали ќе остане само на пријателство, или ќе прерасне во нешто друго…
Здравје
Не занемарувајте некои здравствени проблеми…
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Работа
Иако уште е присутна нервозата кај вас, може да се каже дека оваа недела ќе функционирате совршено. Ќе имате интересни контакти, а некои од вас ќе почнат и соработка која ќе ветува многу. Не срамете се да ги изнесете своите идеи.
Љубов
Во оваа недела одлично ќе функционирате со саканата личност. Повремено ќе чувствувате напнатост, но таа брзо ќе исчезне. Сега би било добар момент да правите заеднички планови со вашиот партнер. Слободните Близнаци оваа недела може започнат приказна која со себе носи изненадувања и луда енергија.
Здравје
Можни се настинки придружени со висока температура.
Премини на следната страна >>