ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Работа
Нешто старо сега ќе стане ново. Нешто за што одамна зборувавте, се договаравте и размислувавте, сега ќе ви се активира. Вие ќе бидете целосно вклучени во работата, активни, без прекинување, па затоа резултатите ќе бидат видливи, но и ќе ве туркаат да продолжите напред.
Љубов
Ќе добиете голем прилив на енергија кој ќе ви придонесе да имате добри случувања со саканата линост или брачниот партнер. Ќе имате и некои нервозни моменти, но сепак ќе успеете да ги контролирате постапките. Ако сте слободни, ќе успеете да стапите во контакт со личноста која веќе извесно време ви привлекува внимание.
Здравје
Можни се проблеми со крвниот притисок.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Работа
Веќе долго време ве мачат некои ситуации и имате чувство дека ќе експлодирате ако не направите нешто во врска со тоа прашање. Ваш е изборот, но не избрзувајте со зборовите за кои потоа можете да се покаете.
Љубов
Оние кои се во врска или брак ќе влезат во фаза кога работите може да се одвиваат прилични добро и складно. Ќе имате некои недоумици и сомнежи, но ќе успеете да се контролирате и нема да дозволите тоа да ви го расипе односот со саканата личност. Ако сте слободни, тогаш може да влетате во однос со личност која е зафатена и да започнете некоја авантура.
Здравје
Можни се проблеми со несоница.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»