LIFESTYLEХороскоп

Неделен хороскоп: Некои Бикови може да ја прекинат љубовната врска, а Раковите ќе зачекорат во стабилен период

Advertisement

 

РАК (21 јуни – 20 јули)

Advertisement

Работа

Промени, промени… За Раковите конечно дојде вистинското време за промени. Па, сега е вистинското време да зачекорите напред. Важни информации ќе дојдат до вас, а некои личности од страна ќе ви отворат нови патишта. Вие лично ќе бидете многу организирани, па ќе функционирате совршено.

Advertisement

Љубов

Комуникацијата со вашиот партнер ќе ви се подобри и конечно ќе успеете да решите некои важни прашања кои ве интересираа и двајцата. Очигледно е дека зачекорувате во стабилен период, па искористете ги овие денови да го зајакнете вашиот однос. Ако сте слободни, тогаш не избрзувајте премногу со одлуките за враќање на бившиот партнер.

Здравје

Проверете го хормонскиот статус.

Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Работа

Ќе влезете во фаза каде што можете да донесете големи позитивни промени, да слушнете убави вести и нови понуди. Контакти, договори, важни информации, состаноци – сѐ ова ве очекува во текот на овој период. Бидете спремни на компромис со вашите колеги.

Љубов

Оваа недела ќе имате голема енергија и сила за да остварите некои големи замисли. Но, во секој случај бидете подготвени за коректен и отворен разговор со вашиот партенр. Ако сте слободни, оваа недела особено ќе се заинтересрате за една личност. Љубовта чека на вас и ви ги отвора своите врати – искористете ги приликите за среќа!

Здравје

Ќе ви се намали стресот.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Работа

Нови почетоци и амбиции. Бидете самоуверени, бидете активни, вклучете го вашиот мозок и барајте го најдоброто за вас. Ќе започнете нови соработки, но и ќе сфатите дека на некои личности од вашата околина не можете да им верувате толку лесно.

Љубов

Оваа недела ќе биде добар и мирен период за зафатените претставници на овој знак. Односот со вашиот партнер ќе ви биде сосема коректен, ќе постои разбирање и согласност. Ништо не би трбеало да ја попречи таа ваша среќа. Оние кои се слободни треба да бидат поактивни, затоа што друштвеноста ќе им донесе нови прилики во животот.

Здравје

Ќе бидете понервозни од вообичаено.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница
Advertisement
New Ad
Back to top button