Хороскоп од 10.09 – 16.09.2018 година!
ОВЕН (21 март – 20 април)
Работа
Време е да го вклучите мозокот и рационално да донесете правилни одлуки. Можни се големи промени, повеќе од посакуваните, но само бидете трпеливи, не избрзувајте и размислувајте добро. Ќе имате можности, само треба да знаете како да ги искористите.
Љубов
Доколку сте зафатени, тогаш ова е поволен период доколку сакате да внесете повеќе промени во вашиот живот и да ги подобрите односите со партнерот. Секако дека ќе постои и нервоза, бурни реакции, тврдоглавост, но дозволете му и на партнерот понекогаш да биде во право. Ако сте слободни, не би било изненадување уште веднаш да скокнете во некоја љубовна приказна.
Здравје
Генерално гледано, здравствената ситуација ви е солидна.
БИК (21 април – 20 мај)
Работа
Ќе имате некои промени во работниот сегмент, но изгледа дека нема да го променат вашето секојдневие. Само внимавајте да не бидете премногу импулсивни во односоите со вашите партнери и соработници, и да не донесувате одлуки на брзина. Исто така ќе ви биде повеќе трпение за надредените…
Љубов
Со партнерот ќе одите од крајности во крајности, па ќе ви биде потребно многу трпение за да функционирате мирно. Кај некои може да дојде и до прекинување на врската… Доколку сте слободни, имате прилика буквално преку ноќ да влетате во некоја љубовна приказна.
Здравје
Потребно е да го контролирате начинот на исхрана.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Работа
Ова ќе ви биде доста коректен период, особено ако се занимавате со некој приватен бизнис. Вас ве очекуваат многу интересни и поволни моменти, а иако во меѓувреме ќе имате мали проблеми со документацијата, сепак, крајната реализација ќе ви биде повеќе од успешна.
Љубов
Во овој период комуникацијата со вашиот партнер ќе ви биде многу складна, па ќе се разбирате подобро од кога било. Ќе разговарате за иднината и ќе правите заеднички планови. Само не враќајте се на темите од минатото. Слободните Близнаци сега може да ја обноват комуникацијата со личност од минатото.
Здравје
Чувствително грло.
Премини на следната страна >>