ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Работа
Оваа недела малку ќе се нервирате околу некои нови почетоци на работното место, но реално гледано, нема да имате вистинска причина за тоа. Иако ситуацијата се движи во вистинскиот паравец, сепак, вие имате нешто друго зацртано во својата глава. Бидете трпеливи со вашите надредени, за да не си направите дополнителни проблеми.
Љубов
Променлива и непредвидлива ќе ви биде ситуациајта со вашиот партнер. Повремено ќе чувствувате дека ви се намалиле чувствата, додека пак во друг момент ќе го сакате својот партнер до бескрај. Малку ќе бидете нестабилни, но партнерот тоа ќе го разбере. Ако сте слободни, тогаш обидете се да дадете шанса на некој од вашите многумина додворувачи. Бидете внимателни, помеѓу нив се крие оној вистинскиот.
Здравје
Бидете особено внимателни во сообраќајот.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Работа
Некои промени кои ќе се случат уште на почетокот на неделата, ќе ви направат забуна во вашата глава. Поради ова, може да реагирате непримерно и несвојствено за вас. Но, почекајте за да видите во кој правец ќе тргне ситуацијата. Можеби е само лош период кој треба да помине…
Љубов
Во првиот дел од неделата ќе имате проблем да се договорите и да се усогласите со вашиот партнер. Ќе имате почетни недоразбирања, но, за среќа, ќе поминат брзо и без огромни последици. Ако сте слободни, ќе ви фали љубов, но сепак нема да им дадете некоја посебна шанса на додворувачите во вашата околина. Како и да е, тие се спремни да ги дочекаат своите пет минути.
Здравје
Проблеми со исхраната.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»