ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Работа
Ќе излезете од мракот и повлеченоста и ќе блеснете во прв план. Сега може да почнете да ги реализирате вашите идеи и планови кои веќе долго време ви се вртат во глава. Може да имате некои почетни препреки и застои, но вашата волја ќе успее да ги сруши.
Љубов
Зборовите се вашето најголемо оружје и употребете ги за да ги смирите свооите страсти и да го подобрите разбирањето со вашиот партнер. Сочувајте го мирот така што ќе избирате што ќе кажете, а што ќе премолчите и ќе оставите за понатаму. Ако сте слободни, може да влезете во некоја страстна, но нестабилна приказна…
Здравје
Обрнете внимание на екстремитетите и хроничните проблеми.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Работа
Оваа недела ќе бидете особено активни и постојано ќе трчите за да завршите повеќе работи одеднаш. Малку ќе бидете и нервозни, особено кон своите колеги, но ако ги совладате почетните моменти на нервоза, ќе поминете многу полесно.
Љубов
Никако да ја постигнете вистинската и посакуваната рамнотежа во односите со вашиот партнер. Ова ќе ви биде шарена недела каде што ќе имате и убави, но и нервозни моменти со вашиот партнер. Смирете се, ништо не е толку страшно колку што ви изгледа. Ако сте слободни, тогаш оваа недела ќе имате бројни богати прилики, Уживајте во сето она што се случува!
Здравје
Внатрешни нервози.
Овој хороскопски знак е во состојба да ги чита вашите мисли >>
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Работа
Оваа недела ќе поминете многу подобро отколку што очекувате. Ќе имате тешки контакти со деловните соработници, но сепак, брзо ќе успеете да ја промените атмосферата. Единствено треба да обрнете внимание на административните работи и документацијата.
Љубов
На почетокот на неделата можно е да се чувствувате малку напнати во врска со вашиот партнер. Ќе мислите дека сте во некоја мрачна фаза и ќе се повлечете во тишина и самотија. На сета среќа, ќе успеете да го преживеете ова затоа што ќе слушнете некои добри вести. Ако сте слободни – вам ќе ве привлекуваат невообичаени личности кои или се зафатени или ви нудат поинакви услови за во љубовна врска.
Здравје
Потребно е да го промените начинот на исхрана.
Максимално посветен и крајно лојален: прочитајте кој е најверниот хороскопски знак >>
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Работа
Очекувајте нови понуди кои можеби ви почетокот нема да ви одговараат во целост, но можете да имате доста корист од нив. Ќе бидете доста ажурни и одговорни, па работите ќе си ги завршите навреме. Време е да го активирате она што долго време го планиравте.
Љубов
Оваа недела вие и вашиот партнер нема да имате доволно време еден за друг. Така, ќе ви се појават проблеми во комуникацијата и тешко ќе се договарате за некои работи. Но, при крајот на неделата односите ќе ви се стабилизираат. Ако сте слободни, тогаш користете ги социјалните мрежи каде што лесно може да пронајдете партнер за излегување. Дозволете им на заинтересираните личности да допрат до вас.
Здравје
Регулирајте го начинот на исхрана.
Премини на следната страна >>