РАК (21 јуни – 20 јули)
Работа
Оваа седмица бидете мудри и повнимателни. Ќе имате добри можности да ги остварите работите кои сте ги почнале, но само ако самите себеси не си создавате притисок. Водете повеќе сметка за документација, договори…
Љубов
Првата недела од оваа седмица ќе ви се дестабилизираат односите со партнерот. Вие нема да бидете стабилни и автоматски ќе ја напаѓате другата страна, без да имате особена причина за тоа. Во вториот дел од седмицата, работите ќе изгледаат многу поинаку. Ако сте слободни, бидете активни, излегувајте на состаноци и не ги одбивајте понудите за кои понатаму може да се каете.
Здравје
Мали проблеми со екстремитетите кај постарите. Помладите ќе се чувствуваат одлично.
Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Работа
Оваа недела дополнително ќе се активирате и ништо нема да ви биде тешко. Ќе имате сила и енергија, но и упорност да ги рушите препреките кои ви стоеја на патот. Не дозволувајте некој од надредените или вашите колеги да ви ја наруши оваа амбициозност.
Љубов
Опуштете се повеќе и подобрете ја комуникацијата со вашиот партнер. Малку ќе бидете тврдоглави и ќе одете од крајност во крајност и тоа нема да ви донесе ништо добро. Обидете се да разговарате малку повеќе од вообичаено. Ако сте слободни, може да ве привлече личнсот која ќе ја запознаете преку работниот сегмент. Само полека и смирено…
Здравје
Оваа недела ќе чувствувате малку умор.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Работа
Одлични идеи, инвентивност, креативност, добра убедливост и способност да им се вовлечете под кожа на соговорниците – сето ова ќе ве прати оваа недела. Очекувајте и некои препреки, затоа што без нив не можете да поминете, но ништо нема да ве натера да се откажете!
Љубов
Кога разговарате со вашиот партнер, трудете се да ги избирате правилните зборови. Очигледно е дека ви пречат некои работи, но не повлекувајте се во тишина, затоа што тоа ќе ви биде најгрешниот потег. Ако сте слободни, ќе имате добри прилики за нова и отворена љубов.
Здравје
Повремени падови на енергијата.
Премини на следната страна >>