Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп (30. 06 – 06. 07. 2013)

Реклама

Kликни на твојот знак »

Маркетинг
h1 h1 h1 h1 h1 h1
h1 h1 h1 h1 h1 h1

OВЕН

 Март 21- април 20 

Маркетинг

Работа: Ако се занимавате со приватен бизнис, почитувајте ги правилата на игра и законските прописи, затоа што тие ќе ве стигнат и може да биете непријатно изненадени од она што за вас ќе се открие. Може да бидете жртва на некоја афера или скандал, а во најдобар случај ви претстои непријатна сцена во фирмата, доколку не бидете прилагодливи или спремни на некој одговор.

Љубов: Некој го критикува вашиот начин на живот, но вие не обраќате многу внимание на тоа. Ако сте слободни, на домашна забава или собир ќе запознаете личност која е амбициозна и често патува преку работата и со неа може да воспоставите убава врска. Верувате во добрите намери на еден Јарец или некоја Скорпија, дури и кога ве критикуваат.

Здравје: Се чувствувате добро.

 Врати се горе » 

БИK 

 Aприл 21- Мај 21 

Работа: Доста сте ангажирани на работа, но и загрижени, затоа што ви изгледа дека не можете во целост да владеете со ситуацијата поради еден Овен и Скорпија. Не треба да се нервирате доколку соработникот ви предложи нешто што не ви одговара. Имате можност да го промените ставот и да се договорите под ваши услови.

Љубов: Очекувате страсна врска но ќе бидете задоволни ако дојде и само до флерт. Не би требало да ја отфрлите можноста за продолжување на врската со некој што долго време го познавате и кој отсекогаш ви бил драг, можеби Скорпија или Стрелец. Не бидете премногу строги кон себе, дозволете си да се вљубите.

Здравје: Внимавајте на остри предмети.

 Врати се горе » 

БЛИЗНАЦИ  

 Мај 22- Јуни 21 

Работа: Ќе дознаете нешто што ќе претставува појдовна точка за вашите понатамошни планови, посебно кога во прашање е соработката со еден Овен, Јарец или Скорпија. Соработниците ќе ви постават дилема и ќе мора да се определите. Не слушајте интриги, туку носете одлуки врз основа на разумот, затоа што може да станете жртви на некои сплетки.

Љубов: Ако сте млади и вљубени, постојат многу работи кои не ги знаете за личноста која ви се допаѓа. Доколку се бавите со спорт – без разлика дали вие или партнерот – спремни сте да донесете одлука за заедничкиот живот и најверојатно имате во план тоа да го направите на оригинален начин.

Здравје: Внимавајте на можни повреди во спортот.

 Врати се горе » 

РАК

 Јуни 22- Јули 22 

Работа: Се наоѓате на почетокот на еден период кој би можел да биде пресуден во вашата кариера. Ќе морате многу работи да ги поставите на нови основи и да го реорганизирате својот живот. Меркур е во ретроградно темпо, токму преку вашиот знак и вие ќе успеете многу работи да ги доведете во ред, посебно ако имате намера тоа да го направите по судски пат.

Љубов: Влијанието на Марс ве иритира во голема мера. Нешто во врска со вашиот семеен живот ви создава константни проблеми. Незадоволни сте, се повлекувате во себе и ретко зборите за она што ве мачи. Вашите блиски немаат многу разбирање за вас, но и вие не им ја олеснувате работата со тоа што не сакате да зборувате за себе.

Здравје: Можна е повреда.

 Врати се горе » 

ЛАВ

 Јули 23- Авгус 22 

Работа: Би било добро да бидете доста пореални кога се во прашање вашите трошоци и да направите корекција на плановите и да видите што е реално, а што не е. Некој од вашата околина е многу амбициозен – можно еден од родителите – и ги поттикнува тие амбиции кај вас. Не дозволувајте да бидете жртва ниту на сопствените, ниту на туѓите заблуди. Ако сте млади, се наоѓате под големо влијание на личноста со која работите.

Љубов: Во текот на овој период ќе посакате да бидете сами и баш кога ќе помислите дека љубовниот живот ви е тмурен и тежок и дека врската ви е при крај, ќе ви се случи нешто изненадно и пријатно. Оние што се во врска ќе доживеат ревитализација на односот, а слободните може да запознаат некоја интересна личност.

 Врати се горе » 

ДЕВИЦА   

 Aвгуст 23 – Септември 22 

Работа: Вашите обиди да ги средите финансиите, недвижнините, се помрднуваат од мртва точка, благодарение на влезот на Јупитер во знакот на Рак, што значи дека ќе успеете да ги регулирате дел од проблемите, можеби нешто и по судски пат. Сепак, својата документација нема да успеете едноставно да ја доведете во ред. Контактите со оние кои живеат во странство може да бидат од големо значење.

Љубов: Положбата на Нептун и Уран за вашиот знак говори за можноста од раздвоеност од личноста која ви е драга. Можно е да се на пат или некој вид деловна задача, или пак до таа мера сте оптеретени со работата, па немате време за вашите најблиски. Ако сте на почеток на врска или сакате некому да се додворувате, најверојатно се обидувате тоа да го направите на оригинален начин.

Здравје: Би требало да бидете физички поактивни.

 Врати се горе » 

ВАГА

 Септември 23 – Октомври 22 

Работа: Би било добро да водите уредна документација за сé што работите, затоа што таа може да ви биде од голема корист. Секоја работа со странци во овој момент е најисплатлива. Ретроградниот Меркур, планетата на комуникации, се наоѓа во Рак и може да ве доведе во конфликтна ситуација со личностите на кои сте сметале. Младите и амбициозни Ваги може да бидат испровоцирани од ставот на својот претпоставен или некој што решава за нивниот статус.

Љубов: Не смеете во афект да ја раскинувате врската, или пак на брзина да стапите во брак кој нема да биде од долг век. За сé што правите, најмногу сметајте на себе, а помалку на вашите блиски. Младите и слободни Ваги очекуваат премногу од некого со кого се допишуваат преку Фејсбук или другите социјални мрежи.

Здравје: Се чувствувате добро.

 Врати се горе » 

СКОРПИЈА

 Октомври 23 – Ноември 11 

Работа: Во текот на овој период можно е да бидете премногу чувствителни на се што се однесува на впечатокот кој треба да го оставите на другите, затоа што ретроградниот Меркур и Јупитер ве прават амбициозен, но најверојатно не умеете да најдете вистински начин да се наметнете. Една Вага, Рак или Лав се обидуваат да се договорат со вас околу важни прашања кои влијаат како на вашите, така и на нивните работни ангажмани.

Љубов: влијанието на Јупитер во знакот на Рак би можело да означи смирување помеѓу вас и партнерот, посебно ако во последно време сте биле во доста затегнати односи. Ако сте слободни, можно е да имате тајна симпатија, но се осудувате да ú дадете до знаење што чувствувате, посебно ако мислите дека не е слободна.

Здравје: Патите од болки во нозете.

 Врати се горе » 

СТРЕЛЕЦ

 Ноември 23 – Декември 21 

Работа: Преокупирани сте со проблеми во врска со финансии или пак со работното место кое ви изгледа несигурно. Ако работите во приватна форма, најверојатно се двоумите како понатаму да постапите. Нешто не е во ред на вашето работно место, па бидете внимателни во односите со Овновите и Лавовите.

Љубов: Положбата на Марс за вас значи прептерана потреба за возбудувања. Кога е во прашање љубовта, неговата положба може да означува потреба за голема и идеална љубов, но понекогаш симболизира и тага за изгубеното време, за минатото. Потребно е да покажете иницијатива во врска со нешто што ви многу важно, а се однесува на љубовната врска.

Здравје: Се чувствувате добро.

 

 Врати се горе » 

ЈАРЕЦ

 Декември 22 – јануари 20 

Работа: Некои нови работи ве имаат преокупирано во целост и енергетски поприлично се ’трошите‘, но знаете дека немате излез, посебно ако сте во средина на некој голем проект со странци. Точно знаете што сакате, но паралелно работите две работи, очекувајќи дека и двата ќе бидат успешни. Ви претстојат добивки од страна.

Љубов: Многумина сакаат со вас да се сретнат или да ве запознаат, но вие сте дистанцирани и така ви одговара. Постои некој кому му е доста важно да добие можност да разговара со вас за настани од минатото. Не сакате никому да ги доверувате вашите грижи. Доколку му имате ветено нешто на партнерот, потрудете се тоа и да го исполните затоа што тој е доста нестрплив и детинест.

Здравје: Намалете ги оброците.

 Врати се горе » 

ВОДОЛИЈА

 Јануари 21 – Февруари 19 

Работа: Положбата на Јупитер и Меркур во однос на вашиот знак ве иритира и ве прави доста несигурни. Се наоѓате во конфузна состојба, барем што се однесува до вашите обврски. Се обидувате во секојдневната работна рутина да внесете интуиција, емоции и сето тоа всушност повеќе ви одмага, отколку помага! Премногу сте сериозни, можно е да имате проблеми со законот или некој да ви се заканува.

Љубов: На партнерот му пречи тоа што немате доволно деликатен пристап кон работите, но ќе ви се пружи прилика да се покажете во поинакво светло. Со личност која што ви е драга, може да поминете многу пријатен ден и да разговарате за нешто многу важно. Доколку сте на почеток на врска или имате намера да се додворувате, ова е вистинскиот момент за тоа.

Здравје: Се чувствувате добро.

 Врати се горе » 

РИБИ 

 Февруари 20- Март 20 

Работа: Би требало со леснотија да комуницирате со колегите, поготово ако работите со странци затоа што позицијата на Јупитер е добра, а освен него, имате помош и од Плутон и од Сатурн, две моќни планети. Можно е да сте влегле во работа за која не сте сигурни како ќе заврши и се обидувате да добиете на време. Но наскоро ќе мора да се соочите.

Љубов: Можно е да се во некаква врста на занес, можно е во последно време да ви се додворувал некој што се бави со уметност и сега се уште да ви се врти во мислите. Ви се допаѓа личност со висока интелигенција, која поседува и парапсихолошки способности. Можеби станува збор за доктор или уметник или спортист. Вашиот партнер е далеку посилна личност од вас, и тоа доста доминантен.

Здравје: Бидете внимателни доколку планирате да одите на пат.

 Врати се горе » 

{JFBCLike url=http://www.facebook.com/stipka layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light float=right text-align=right}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button