Неделен хороскоп за периодот од 16 до 23 јуни 2013 година.
ОВЕН (21. 3. – 20. 4)
Работа: Влегувањето на сонцето во знакот на Рак ве прави да се чувствувате ориентирани кон решавањето на практичните проблеми. Можно е да ги решавате прашањата кои се однесуваат на недвижнини или ќе посакате да гои проширите кругот на своите соработници. Позицијата на Јупитер им одговара на оние кои се родени при крајот на овој знак, посебно ако работите со странци.
Љубов: Акцентот во овој период би требало да ви биде на приватниот живот, посебно на семејниот. Колку подолго сте во врска или брак, толку побргу би требало да бидете спремни да излезете во пресрет на партнерот, кој најверојатно се чувствува запоставен.
Здравје: Внимавајте во сообраќајот.
БИК (21. 4. – 21. 5)
Работа: Транзицијата на Месечината ја става тежата на односите со јавноста и на друштвото на оние кои би можеле да бидат добри потенцијални работници. Некому му е многу важно да се договори со вас околу некои нови работи, најверојатно со странци. Ќе имате прилика да сфатите колку ве цени некој со кој повремено сте биле во затегнати односи.
Љубов: Вашите очекувања, кога е во прашање некоја Девица, Рак или Скорпија, не се без причина, затоа што на многумина им се допаѓате. Не сте спремни да отстапки, ниту сакате да жртвувате било што, посебно за некој кој што ве има изневерено или пак дури и свесно ве повредил.
Здравје: Внимавајте на остри предмети.
БЛИЗНАЦИ (22. 5. – 21. 6)
Работа: Ова би можело да биде исклучително напорен период во текот на кој ќе бидете склони максимално да се исцрпувате на работи кои ќе ви донесат и сатисфакција и популарност. Вие сте грандоман и јасно давате до знаење дека за вас не постојат граници и многумина ве подржуваат во ова.
Љубов: Во љубовта многу внимателно правете разлика помеѓу пријателство и страст, но можно е да ви се случи некој кој што го сметате за пријател, да инсистира таа граница да се премине. Вие сте на чекор од нешто што би можело во голема мера да го потресе не само вашиот семеен живот, туку и оној на другата страна, затоа што е можно таа да не е слободна.
Здравје: Исцрпеност.
РАК (22. 6. – 22. 7)
Работа: Транзитот на Марс и Месечината кај вас делува двострано. Месечината во текот на оваа седмица ве тера на отвореност, иматен желба со соработниците да остварите отворен однос, но транзицијата на Марс ве прави недоверливи и поприлично интуитивни кон оние кои не ви посакуваат добро. Би било добро да ја обновите соработката со Бик, Рак или Скорпија.
Љубов: Некој Јарец ви посакува добро, но прашање е дали вие сте свесни за тоа. Можете да доживеете доста убави работи во врска со овој знак. Оние Јарци кои се во подолга врска или брак, стануваат свесни за големото влијание што го имаат врз партнерот, а за оние слободните се јавува шанса за запознавање на некого преку работа или деловни контакти.
Здравје: Можни се главоболки.
ЛАВ: (23. 7. – 22. 8)
Работа: Влезот на Сонцето во знакот на Близнаци може да ви помогне лесно да се снајдете во работа, која би можела да ви донесе голема популарност. Има некој кој многу сака да ви се наметна како потенцијален соработник. Време да се концентрирате на својата кариера и да ги искористите поволните околности кои ви се јавуваат со некој Овен или Стрелец, како и да ја зацврстите соработката со една Скорпија.
Љубов: вашиот љубовен живот се базира на взаемна доверба и многу ви е важно да знаете на што сте. Не ставајте ја на коцка врската со некој што ви е многу приврзан, поради вашата тривијална потреба да кокетирате со некои личности кои можеби и не ви се толку допаѓаат.
Здравје: Внимавајте во сообраќајот.
ДЕВИЦА (23. 8. – 22. 9)
Работа: Транзитот на Меркур, владетелот на вашиот знак и Венера преку Рак ви носи можност за обновување на деловните односи со оние кои се занимаваат со недвижнини, осигурување или трговија. Подржете ја идејата на еден Јарец или Скорпија, кои од вас очекуваат не само совет, туку и конкретна помош.
Љубов: Членовите на семејството се трудат да ви одат по волја, кога е во прашање некоја личност која ви се допаѓа, но вие мислите дека премногу ви се мешаат во приватноста. Некој кој што живее во странство или често патува, ќе ве повика да се сретнете, што не мора да значи дека ќе има и позитивен исход во поглед на продолжување на врската.
Здравје: Се чувствувате добро.
ВАГА: (23. 9. – 22. 10)
Работа: Транзицијата на Марс, владетелот на вашата астролошка куќа, во Близнаци, ви носи можност да ја обновите соработката што живее во странство и кој што би можел да биде потенцијално најповолното решение за вашите бизнис дилеми. Може да очекувате да ви се јави некој во кого што имате голема доверба, затоа бидете спремни за нови предизвици.
Љубов: Добивате повик да се сретнете со некој кој што ви е посебно драг и мил, можно е да се работи за личност која работи во медиуми. Ви претстојат многу романтични средби, посебно во природа или во дружењето со пријателите, без разлика дали сте слободни или не. Би требало максимално да се посветите на својот љубовен живот, ви претстојат убави денови, со личност поискусна од вас, за која можеби уште од поодамна имате романтични чувства.
Здравје: Се чувствувате добро.
СКОРПИЈА (23. 10. – 22. 11)
Работа: Вашата амбиција се темели на реални основи, па ако бидете до крај упорни, може да очекувате голем успех. Можна е добра деловна понуда од личност на висока положба кон крајот на периодов, но не треба веднаш да се изјаснувате, бидете тактични. Не би требало премногу да се оптеретувате со штедење на пари, ова е добар период да ја вложите заштедата во нешто што ви е навистина важно.
Љубов: Колку сте помлади, толку поголеми шанси имате да се вљубите. Ако сте во зрели години, љубовта ќе ве подмлади и ќе бидете спремни не секакви комбинации, без разлика дали сте слободни или не. На повидок е кармичка врска со некој кој што е многу амбициозен и сака брак со вас.
Здравје: Се чувствувате добро.
СТРЕЛЕЦ (23. 11. – 21. 12)
Работа: Ве преокупираат некои нови идеи за различни работи и не сте сигурни кому да дадете приоритет. Спремни сте да вложите поголема сума на пари во некој нов бизнис и тоа ќе ви се исплати. За секој предлог добро размислете, ништо не одбивајте, се уште не знаете што се може да се јави од некоја од тие понуди. Можно е да добиете нешто што одамна го очекувате.
Љубов: Одличен период за одење на одмор, сами или со партнерот. Дури и со семејството и пријателите ќе ви биде супер ако отидете. Повеќе личности ќе ви се додворуваат и дефинитивно ќе бидете еден од знаковите кои се во тренд, а вие тоа го сакате! Ако сте млади, обратете внимание на друг Стрелец или Скорпија.
Здравје: Се чувствувате преморени.
ЈАРЕЦ (22. 12. – 20. 1)
Работа: Ова е еден од подобрите периоди. Влезот на Сонцето во знакот на Рак при крајот од периодов, може да ви донесе нови можности во работата со јавноста. Тие денови не носете одлуки во афект, под влијание на еден Лав, Бик или Вага. Се трудите да оставите впечаток на кооперативна личност, а всушност може да бидете доста напорни и премногу да барате.
Љубов: Иако Сонцето влегува во Рак, транзитот на Марс носи можност за влегување во тајна врска со некој што го знаете преку работата или некој кој што не го познавате доволно добро, ќе се обиде да ве импресионира и да ви се наметне. Колку и да се трудите да го држите во дискреција својот живот, тоа нема да ви појде од рака и затоа престанете да се залажувате на овој начин.
Здравје: Можни се тегоби со нејасно потекло.
ВОДОЛИЈА (21. 1. – 19. 2)
Работа: Имате големи очекувања од Овен, Риби или Стрелец. Еден Јарец ви е сериозен проблем во комуникацијата, па трудете се да на никој начин не сторите нешто што би ве деморализирало. Се чувствувате одлично во друштво на оние кои ги поттикнуваат вашите амбиции, но всушност се уште не сте начисто што сакате. Ќе добиете повик за соработка од некој кој што не ви е посебно симпатичен, но ќе биде подобро тоа да го занемарите и се сконцентрирате на она што ви е од интерес.
Љубов: Верувате дека може да се договорите со еден Стрелец, околу некои заеднички проблеми, а всушност вие сте онаа страна која се однесува како да не знае што сака. Бидете спремни искрено да разговарате за сé што ве мачи и ве прави несигурни, посебно ако сте во долга врска или брак.
Здравје: Се чувствувате добро.
РИБИ (20. 2. – 20. 3)
Работа: Верувате во можноста за обнова на старите деловни врски со некој што ви е доста мил и со кого лесно можете да се договорите околу многу прашања. Чувствувате потреба да ја земете работата во свои раце кога е во прашање соработката со еден Рак, Скорпија или некоја друга Риба.
Љубов: Очекувате да ви се јави личност со која некогаш сте си поминувале многу добро, можно е заедно и да сте работеле. Ќе добиете можност почесто да се видувате со Скорпија, Рак или Девица и нема да им одолеете. Ако ви се јави некој Овен, немојте да реагирате во афект, посебно ако имате нерасчистено, заедничко минато.
Здравје: Внимавајте на повреди при работа.
{simplepopup}
{/simplepopup}