ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Работа
Ве очекува подобрена материјална ситуација со која ќе бидете задоволни. Можно е кконечно да почувствувате мир, сигурност и стабилност. Единствено ако планирате нешто поврзано со странство, тогаш може да имате мал застој.
Љубов
Навикнати сте да имате повеќе додворувачи и постојани контакти со личности од спротивниот пол, па сега помалку внимание ве става во незгодна ситуација. Обидете се да прифатите дека ова е само период кој ќе помине… Добро е да бидете расположени и за повеќе компромиси.
Здравје
Проблеми со апетитот.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Работа
Кога е во прашање работата, ќе бидете под голем притисок и ќе имате впечаток дека сите обврски паднале на ваш товар и дека е неопходно да дадете максимум од својта енергија. Поради големата нервоза, ќе бидете склони и кон конфликти.
Љубов
Постои личност на која мислите многу често и со која сакате да започнете еден вид емотивна врска, но таа моментално е прилично подалеку од вас. Поради просторната оддалеченост, на некој начин не се чувствувате доволно сигурни. Доколку сте во врска или брак, може да очекувате фаза која нема да биде воопшто лесна…
Здравје
Ставете си го здравјето на прво место!
Овој хороскопски знак е во состојба да ги чита вашите мисли >>
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Работа
Пред вас е една поволна недела каде што работите ќе течат сосема стабилно. можете да очекувате дека ќе бидете сосема задоволни со самите себе и нема да имате особени пречки. Лесно ќе ги завршувате воите обврски, нема да имате стресови и работите ќе се одвиваат прилично добро.
Љубов
На емотивно поле ќе бидете замислени и паивни. Ќе имате повеќе можности, но нема да знаете да ги икористите. Не правете се жртва, туку научете повеќе да се сакате себеси. Зафатените претставници на овој знак може да бидат отсутни и помалку заинтересирани за контакти и односи со партнерот.
Здравје
Слаба точка може да ви биде циркулацијата…
Максимално посветен и крајно лојален: прочитајте кој е најверниот хороскопски знак >>
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Работа
Деловната комуникација и соработките нема да ви бидат јака страна. Лесно можете да дојдете до недоразбирања и до откажувања на договорите. Можеби сметате дека можете да имате нечија поддршка, но тоа треба повторно да го преиспитате…
Љубов
Покрај сите изненадувања, можно е да ви се појави една нова и атрактивна личност која ќе ја сретнете преку заеднички пријатели. Таа личност во вас ќе предизвика бура од емоции и некои посебни чувства. Ако сте зафатени, можно е некоја личност од страна да се меша во вашата врска или брак.
Здравје
Ќе имате проблеми со нервниот систем.
Премини на следната страна >>