ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Работа
И понатаму ќе имате поволен период на работното место. Ова е вистински момент да започнете некои нови договори, особено ако во претходниот период се обидувавте нешто слично. Со леснотија ќе ја започнвуате и ќе ја завршувате секоја нова обврска.
Љубов
Оваа недела ќе почувствувате малку олеснителни околности со партнерот. Искористете го овој период за да го подобрите вашиот однос. Иако уште ќе биде присутна љубомората, сепак, не размислувајте во таа насока. Оние кои се слободни ќе имаат контакт со помлади личности од нив.
Здравје
Време е за спорт и рекреација!
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Работа
Оваа недела ќе расчистите со некои обврски кои ве оптеретуваа или нервираа. Исто така ќе функционирате поопуштено и постабилно. Ќе имате нови идеи за некои проекти, а ќе ја имате и потребната поддршка од оние кои ви значат.
Љубов
Оваа недела ќе забележите дека саканата личност го менува своето однесување, па кај вас ќе се разбуди недоверба и сомнеж. Исто така и комуникацијата ќе ви биде променлива, при што ќе имате дополнителни сомневања. Што се однесува до оние кои се слободни, постои личност која физички ве привлекува, но сепак, таа е далеку од вас. Во превод: Оваа недела нема да имате многу среќа во љубовта.
Здравје
Можни се проблеми со варењето.
Овој хороскопски знак е во состојба да ги чита вашите мисли >>
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Работа
Оваа недела ќе имате недоумици и несигурности, во врска со некои деловни прашања, но сепак, ќе успеете да пронајдете решение и вистински пат. Фокусирани сте на постоечките проекти и соработки, но и можност за проширување на работата.
Љубов
Доаѓа период каде што добро ќе се согласувате со вашиот партнер. Нема да имате бурни расправии какви што имате во претходниот период. Оние кои се слободни ќе имаат добри и позитивни контакти со спротивниот пол. Изгледа дека овој период повеќе личности се заинтересирани за вас.
Здравје
Освен стрес, нема да имате некои посебни проблеми.
Максимално посветен и крајно лојален: прочитајте кој е најверниот хороскопски знак >>
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Работа
Многумина од вас овој период ќе се обидуваат да започнат нова работа и нема да ви оди многу лошо. Ќе имате и мали нервози, но тоа нема да ви влијае толку негативно. Ако работите со странци, тогаш очекувајте добри работи, но сепак, бидете внимателни да не дојдете до некои забуни.
Љубов
Оваа недела најмногу ќе бидете посветени на себе, па малку ќе го изостанувате својот партнер. Токму поради ова, во вашите односи може да се јави одреден притисок. Доколку сте слободни, вие ќе имате харизма, но нема да бидете сосема слободни за да се отворите кон спротивниот пол.
Здравје
Склони сте кон алергиски реакции.
Премини на следната страна >>