РАК (21 јуни – 20 јули)
Работа
Некои ситуации на работното место ќе бидат разрешени, па вие ќе се чувствувате послободно. Тоа не значи дека треба да заборавите на сите обврски, зашто сепак, проблемите може лесно да се повторат.
Љубов
Оваа недела повеќе ќе се зближите со саканата личност. Доколку сте слободни, оваа недела би можеле да започнете една нова и интересна љубовна приказна. Генерално гледано – ќе имате доста коректни односи, но сепак, треба да бидете отворени еден кон друг.
Здравје
Чувајте го грлото, тоа ви е чувствителна точка.
Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Работа
Оваа недела ќе имате нови интересни понуди и повеќе деловни средби. Комуникацијата ќе ви се подобри и сега конечно ќе имате стабилни договори со соработниците. И вие лично сте доста стабилизирани, знаете што сакате и кон каде се движите.
Љубов
Со вашиот партнер оваа недела ќе се согласувате сосема добро. Конечно ќе пронајдете некој компромис во врска со некои прашања кои ви се важни и заедно ќе одлучите да се борите со животот и проблемите.
Здравје
Одморајте повеќе.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Работа
Пред вас е период полн со многу случувања, но полесно ќе поминете отколку до сега. Потребно ви е повеќе ентузијазам и оптимизам, што ќе ви донесе уште подобри резултати. Пред вас се успешни работни денови, искористете ги на вистинскиот начин.
Љубов
Оние кои се во врска или брак може да уживаат во убавите моменти со партнерот. Бидете свесни дека проблемите може да поминат само со дополнителна комуникација. Оние кои се слободни ќе имаат малку напорна недела и нема да имаат некои значајни љубовни случувања.
Здравје
И физички и ментално ќе се чувствувате уморно.
Премини на следната страна >>