Хороскоп од 30.04 – 06.05.2018 година!
ОВЕН (21 март – 20 април)
Работа
Во работниот сегмент ќе почувствувате малку растеретување од обврските. Моментално имате добри работни позиции и внимавајте да не ги уништите со некои груби изборови или избрзани постапки.
Љубов
Оваа недела полесно ќе ги контролирате своите напади на љубомора кои повремено ве обземаат, но сепак, нема целосно да се чувствувате стабилни. Стабилните Овни ќе имаат многу покани за дружење и излегување. Две личности се трудат да ви се приближат.
Здравје
Можни се алергиски реакции.
БИК (21 април – 20 мај)
Работа
Во работата ќе се чувствувате добро, но не е препорачливо да донесувате одлуки преку ноќ. Не обидувајте се да извршувате повеќе работи во исто време.
Љубов
Ако сакате површни контакти, тогаш очекувајте го тоа оваа недела. Доколку сте желни за вистинска љубов и стабилни односи, тогаш заборавете на тоа барем овој период. Оние кои се во врска или брак може да имаат мали расправии, но сепак ќе се чувствува и љубовта.
Здравје
Психата ќе ви биде слаба точка.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Работа
Конечно малку ќе успеете да се опуштите оваа недела. Сигурно е дека ќе имате повеќе дневни обврски, но, сега ќе успеете одлично да се снајдете. Ќе бидете опуштени и ведри и нема да ви биде тешко да им помагате и на другите.
Љубов
Сигурно е дека ќе имате проблеми во вашите односи со партнерот, но сепак лесно ќе ги поднесете. Ќе се потпрете на вашите пријатели, малку ќе флертувате и ќе се забавувате и ништо нема да може да ве изнервира. Доколку сте слободни, време е е да се насмевнете и да запознаете нови луѓе.
Здравје
Потребни ви се повеќе физички вежби.
Премини на следната страна >>