Иако има повеќе додворурвачи, пејачката не верува дека некогаш повторно би се омажила.
Иако веќе длабоко зачекори во седмата деценија од животот, популарната пејачка Неда Украден има линија на која би можеле многумина да ѝ позавидуваат, а благодарејќи на нејзиниот младешки изглед, каде што нема брчки, таа и ден денес плени погледи од бројни мажи и потенцијални додворувачи. Меѓутоа, пејачката неодамна изјави дека повеќе во животот не сака да се мажи.
„Повеќе од добар брак, мене ми е потребен еден добар пријател. Партнер кој ќе може да ме прати, разбира и да ми биде поддршка. Тоа денес е тешко да се најде, посебно со интензитетот на работа со која се занимавам“.
Инаку, Неда Украден беше во краток брак во кој ја роди својата ќерка Јелена, а кој не траеше подолго од три години.