Изгледа неверојатно и во осмата деценија – Неда Украден ослабна 15 килограмим еве како изгледа сега
Пејачката покажа ново издание и ги изненади сите

Познатата фолк-пејачка Неда Украден покажа на социјалните мрежи ново издание со кое ги изненади сите.
Како што пишуваат српските медиуми, таа во последно време ослабнала 15 килограми и сега изгледа многу подобро.
Тоа може да се види и од нејзината фотографија направена во Бугарија на која се гледа дека никогаш не изгледала подобро.

Облечена во бело од глава до пети таа едноставно блескаше во ова свое издание, а тоа се гледа и во коментарите што ги доби.
„Права дама“, „Феноменално“, „Недо, беше мачка и остана“, и порачаа фановите во коментарите под објавата на познатата пејачка.

Неда ова лето ќе го прослави својот 73-ти роденден, но и покрај тоа што е во осмата деценија од животот, на својот Инстаграм често знае да објави и фотографии на кои позира во костими за капење.
Таа е негувана жена која држи до својот изглед, па веќе со децении важи за една од најубавите дами на балканската јавна сцена.

„Некој да ми кажеше дека ‘животот е убав’ и кога ќе наполниш 7 банки, дека ќе пеам, патувам, уживам со своето семејство, работата, животот, веднаш би му кажала: ‘Се шегуваш’. Но, вистина е! Затоа уживајте колку што можете и додека можете! Оставете ги предрасудите“, напиша Неда неодамна во описот на една фотографија со која исто така ги воодушеви своите бројни обожаватели на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден