Огласи
Наши ѕвезди

Небото победи, ние изгубивме – вака живеевте, вака и заминавте – потресна порака од сопругата на Александар

„Секоја ноќ те чекав да се вратиш од свирка. И секогаш се враќаше. Те чекам и сега... Секогаш ќе те чекам...Чекај ме и ти сега...“, пишува сопругата на гитаристот од Штип

advertisement
advert

,,Таму кајшто се љубиме, никогаш не е мрак”

Многумина се очајни што немаа прилика да се збогуваат од своите најмили кои настрада во пожарот во дискотеката во Кочани.

Една од нив е и сопругата на гитаристот Александар Коларов од Штип, еден од членовите на ДНК кој загина во несреќата.

реклама

Таа сега прв пат се огласи по страшната трагедија, а нејзината потресна порака кине душа и ги расплака сите.

Фејсбук/ Маја Рамона Крстевска

Таа потоа сподели и една заедничка фотографија на која покрај нејзиниот сопруг е и неговиот колега Филип Стевановски, кој беше оженет со нејзината сестра Ирена.

Марpкетинг

Принтскрин/ Инстаграм

Беше полн со живот, ретко добар човек…

Имено, Филип кој беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор беше во брак Ирена Крстевска Стевановска, некогашна пејачка во неговиот претходен бенд

„Вака живеевте, вака и заминавте. Заедно. Молк е во нашите души, мелодијата на животот отиде во вечноста. Чувајте се двајцата таму горе, чувајте нѐ нас овде. Ангели на земјата, ангели и на небото. Чувајте местенце за нас на концертите горе. Еден ден пак ќе бидеме заедно. Срце полно рани, рани, во душа празни страни, непишани романи., напиша Маја, сопругата на гитаристот на ДНК од Штип, еден од загинатите членови од групата во пожарот.

Принтскрин/ Инстаграм

„Ова мое срце знае сѐ, не можам ни ден јас без тебе…

Најстабилниот, најсериозниот, а во исто време најнасмеаниот човек беше ТИ. А сега јас, како? Кажи ми како без тебе да бидам кога ми требаш, кога ми требаш… Без тебе немам север, немам југ… Ова мое срце знае сѐ, не можам ни ден јас без тебе… Животе кажи ми да знам зошто морам сама, вака јас да живеам… Животе кажи ми да знам зошто морам сама нови врати јас да отворам, животе кажи ми да знам, зошто морам сама вака јас да живеам…“ пишува Маја на Фејсбук.

Фејсбук/ Маја Рамона Крстевска

„Секоја ноќ те чекав да се вратиш од свирка. И секогаш се враќаше. Те чекам и сега… Секогаш ќе те чекам…Чекај ме и ти сега…

Си замина со музика. Петокот со ФИС бенд, саботата со ДНК. Секогаш скромен и во сенка, но славно замина. Никогаш нема да ја заборавам нашата фраза ,,Таму кајшто се љубиме, никогаш не е мрак”. Зашто ТИ си единствената светлина што никогаш нема да згасне.

epp

Фејсбук/ Маја Рамона Крстевска

Небото победи, ние загубивме

„Небото победи, ние загубивме. Единствено таму си достоен за сѐ што овде кротко и скромно правеше. Замина со Химната на животот и ја однесе во вечноста. Развлечи ја небесната насмевка и дај ни надеж како да продолжиме без тебе. Ти ни ја остави најубавата мелодија на животот – твојата насмевка. Љубов си!, напиша Маја.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button