Небото денес слави роденден – потресна објава за младиот голман од Штип кој почина во дискотеката „Пулс“
На социјалните мрежи бројни роднини, пријатели на неговите родители и негови врсници се збогуваа во изминативе неколку дена од него, а сега се појави и емотивна објава за неговиот роденден...

Дамјан Танески роден 2006 година кој настрада во пожарот во Кочани не го дочека својот роденден кој требаше да го слави денес.
Ова момче од Штип беше успешен голман, но неговиот живот згасна на 18-годишна возраст, неколку дена пред роденденот.
На социјалните мрежи бројни роднини, пријатели на неговите родители и негови врсници се збогуваа во изминативе неколку дена од него, а сега се појави и емотивна објава за неговиот роденден.
Принтскрин/ Фејсбук
Небото има се, ние ништо. Небото слави, ние жалиме – со овие зборови завршува тажната објава за ова младо момче.
Целата порака прочитајте ја во продолжение…
Потсетуваме, во трагедијата што се случи претходниот викенд во Кочани животот го загубија 59 лица. Од настраданите лица 43 се од Кочани, по пет лица се од Скопје и Штип, тројца од Пробиштип, двајца загинати се од Виница и едно лице е од Струмица. Шестмина од починатите се малолетници. Од повредените 178 лица, 64 се во државните болници во Македонија, 13 се во приватните болници, a во моментов околу 100 пациенти се лекуваат во странство..
Несреќата се случи откако прскалките кои биле користени како светлечки ефекти на концертот на ДНК, го запалија таванот на клубот, по што пожарот брзо се прошири и го зафати целиот простор.
Принтскрин/ Фејсбук
Во моментот на несреќата во клубот имало преку 500 лица, а во просторот немало врата за итни случаи и пожари, така што многумина не успеале на време да го напуштат просторот и настрадале од огнот и чадот.
Принтскрин/ Инстаграм
По несреќата покрај големиот број загинати имаше и многу повредени кои веднаш беа префрлени во болниците во Штип, Кочани и Скопје, а потоа пренесени во неколку болници во соседните земји.