Небојша знаеше дека умира: последните денови ги помина со семејството, а борбата со тешката болест ја најави со овие фотографии!
Многу доцна се дозна дека е тешко болен. Но, сепак, тој не се откажуваше. Сакаше да се бори и да ја победи болеста. На почетокот на јануари замина во Германија каде ги направи потребните анализи кои траат пет дена, но веќе третиот знаеше дека ќе ја изгуби битката.
Тажната вест дека познатиот српски актер Небојша Глоговац води битка за свој живот во јавноста се појави дури последната недела. Тој на почетокот од јануари отпатува во Германија за да се лечи во една тамошна болница. Но по консултација со докторите сепак одлучи да се врати во Белград каде продолжи да ја води битката, а тие денови и јавноста дозна за неговата тешка болест.
И додека никој освен неговите најблиски не знаеше дека актерот се соочува со тешка болест, Глоговац на Инстаграм ја закачи оваа фотографија со која кажа сé.
Еве што објави тој на 8 декември:
https://www.instagram.com/p/BcdBV0jgfHw/?taken-by=garavigaragan
А потоа, по неколку дена следуваше и оваа објава:
https://www.instagram.com/p/Bc9steEAgpj/?taken-by=garavigaragan