Неа ретко може да ја видите во јавност – еве како изгледа ПОНЕЖНАТА ПОЛОВИНА на Миле Паника (фото)
Прекрасна дама што остава без здив

Нема некој што не е воодушевен од Миле Паника, но и покрај големата популарност за неговиот приватен живот се знае многу малку.
Тука не мислиме на тоа дека Тошо и Цацко му се најголеми пријатели, туку на вистинскиот живот на ликот што го глуми Миле, генијалниот Бранко Огњановски, еден од тројцата членови на легендарните К-15, екипа што цела Македонија ја обожава.
Имено, Бранко за својот приватен живот многу ретко зборува, иако понекогаш знае да сподели по некоја фотографија со неговата сакана.
Инстаграм/ Бранко Огњановски
Но и покрај тоа што е познато дека Бранко е во среќен брак и дека е горд на својата сопруга, што може да се забележи и од неговите објави, за неговиот приватен живот речиси ништо не се знае.
Неговата сопруга не сака премногу да се експонира во јавноста, освен на својот Инстаграм каде ги објавува своите ремек-дела.
Инстаграм/ Бранко Огњановски
Имено, сопругата на Бранко, Анита Огњановска, е сликарка, а нејзините дела никого не оставаат рамнодушен.
Инстаграм/ Анита Огњановска
Таа на својот Инстаграм често знае да сподели фотографии од своето ателје, а како изгледа додека ги создава своите слики, но и неколку нејзини сликарски творби, што не воодушевија, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Анита Огњановска
Инстаграм/ Анита Огњановска
Наскоро 30-годишниот јубилеј на К-15
Потсетуваме, К-15 наскоро по повод 30 години од снимањето на првата емисија ќе одржат три шоу во арена Борис Трајковски.
Откако влезниците за првите две кои беа закажани за 16 и 17 мај беа распродадени, ова генијално трио за своите фанови решија и на 18 мај да одржат уште едно шоу на истото место.
Инстаграм/ К-15
Огњановски, Васко Тодоров и Бубо Каров со ентузијазам се подготвуваат за средбата со публиката, со која ќе прослават 30 години од почетокот на култното комично шоу со незаборавните Миле Паника, Тошо Малерот, Цацко Конопишки и другите популарни ликови.
Инстаграм/ К-15
Дека за сите три настани може да очекуваме единствено и незаборавно искуство, потврдува и фактот што тие ќе бидат режирани од еден од најпознатите македонски режисери, Синиша Евтимов, кој ќе биде одговорен за целокупниот концепт на настаните, додека за несекојдневото музичко искуство ќе се погрижи маестро Џијан Емин, кој ќе создаде нови оркестрации на култните песни на „Дуо Трио“ и кој на сцената ќе биде придружуван од 30 врвни музичари.