Не знам што им е, како болви се лепат – Добрила има куп додворувачи, а открива една тајна
Добрилa Чабриќ (97) ја открива тајната на долговечност и активност во староста.

Победничката на третата сезона на музичкото натпреварување „Никогаш не е доцна“, Добрилa Чабриќ (97), откри како ја одржува својата виталност и оптимизам со текот на годините.
Добрилa многу внимателно ја одбира храната што ја консумира и се труди да води здрав начин на живот.
„Секако, исхраната е важна, но и начинот на кој го прифаќаш животот. Ако го сакаш, ќе го живееш. Многумина потклекнуваат на депресија уште на 70 години. Мислат дека се стари, сè ги боли. Јас, дури и ако ме боли, тоа го решавам со работа. Секогаш земам нешто што ме преокупира, за да не мислам на тие жолти моменти или на болест. Или на смрт. Не, не, не, тоа кај мене не функционира. Живеам полн живот“, открива Чабриќ за српските медиуми.

На 51 година, Добрилa започнала да создава своја „оаза на мирот“.
„Тогаш имав 51 година, бев во полна форма. И навечер пеев. Имав мајка, свекрва, четири пудли. Спиевме покрај езерото во бунгалов и тие не сакаа да ме пуштат навечер, ама јас настапував, додека деновите ги минував со мајстори“, се присетува таа.
И денес, Добрилa остава впечаток на енергична и активна жена, постојано посветена на хобија и креативни активности.
„Секогаш нешто правам. Моето хоби е плетење и креирање. Досега организирав три модни ревии и уживам во рачната работа, која ме смирува. Многу сум темпераментна, жива и нескротива, и тоа ме преокупира. Од мала мајка ми ме учеше на шиење и плетење, па затоа ги сакам тие работи“, додава таа.
Добрилa не крие дека и понатаму добива внимание од обожаватели.
„Од каде знам како ги привлекувам (се смее). Не се замарам многу со тоа. Сами наидуваат, како болви се лепат, и не знам што им е“, на шега рече своевремено Чабриќ, од уво до уво насмеана во студиото.

Потсетуваме, во неодамнешно интервју за Гранд, Добрила рече дека обавезно излегуваа навечер, и тоа – во казино.
„Бев менаџер во казино 6 години и тој работен ангажман ми е многу познат, а имам и многу пријатели кои доаѓаат од Грција … и каде да се видиме ако не во казино? Рестораните и храната не ме интересираат, затоа што во мојот дом сама си ја подготвувам. Дружењето во казино за мене е возбудливо, одлична терапија. Малку смеа, малку шала, расправии … Сè има. Инаку, пеев и низ казината за време на викендите. Тоа се одлични спомени кои сè дел од мојот живот“, изјави Добрила неодамна за Гранд.
Секако, Добрила со својот автомобил и понатаму сама патува низ регионот.

– Постојано патувам и денес со автомобилот, извршувам сѐ што ми е неопходно. Поради сообраќајната незгода, денес малку ми е отежнато одењето, но затоа пак во слободно време често пливам, а откако ќе завршам со пливање се враќам дома. Овие активности се само дел од моето секојдневие“, вели Добрила која живее во Дојран, Македонија.



