Реклама
Интервју

Не знаете што сè се случува зад сцената на Ѕвездите на Гранд – ОТКРИВА Омар Џаферовски

Знам дека ќе звучи клише ама верувале или не оваа сезона не можам да опишам со зборови какво другарство владее зад кулисите на Гранд. Сите сме како една голема фамилија и се поддржуваме максимално - вели македонскиот натпреварувач.

Реклама

Нашиот Омар Џаферовски ќе го гледаме и во новиот круг на Ѕвездите на Гранд, откако минатиот пат доби директен пласман и безброј пофални зборови.

Поради бројните ангажмани и обврски околу подготовката за следното појавување на Гранд, Омар не успеавме да го договориме во живо на кафе, но затоа стапивме во контакт со него онлајн.

Со својата ведрина веднаш ја прифати нашата покана за интервју.

Маркетинг

Пред да ви пренесеме што разговаравме со пејачот, да се потсетиме на дуелот помеѓу Омар и Мики Секуловски кој привлече огромно внимание кај пошироката јавност, бидејќи првпат двајца Македонци беа еден до друг на големата сцена.

Маркетинг

Македонец против Македонец во „Ѕвездите на Гранд“ – Секуловски изгуби, направија хаос во шоуто

Дали сте подготвени да дознаете многу работи кои не ги знaете за Омар?

Уживајте!

 

1.Бидејќи сцената на „Ѕвездите на Гранд“ за вас не е непознат терен, за почеток ќе ве прашам дали настапите од првото натпреварување и сега ви се разликуваат?

-Да,секако.Оваа година искуството е поголемо од пред две години.Доста работев на себе и на усовршување на гласот.

2. Дали ве промени лично ова шоу?

– Искрено мене лично не, oсвен тоа што стекнав многу големо искуство кое што ми е од големо значење.Секое ново појавување е ново искуство за себе.

3. Што учите од на „Ѕвездите на Гранд“? Кои се најголемите придобивки?

-Па искрено има многу придобивки ама за мене е најбитно што учиме како треба да се однесува и пее една индивидуа која што сака да се бави со оваа работа.

4. Кои се најголемите маани, недостатоци кои ги забележувате во организацијата?  Што би промениле вие да можевте?

-Искрено нема маани и ништо не ми пречи. Организацијата е на професионално ниво. Сепак ова е најдоброто талент шоу на Балканот со причина.

5. Кој од членовите на жирито би го издвоиле како човек кој ве воодушевил со однесувањето приватно?

-Најпрво што мислам дека е и очекувано мојот ментор Ѓорѓе Давид. Што и да кажам за тој човек е малку. Предобар човек,предобар ментор,човек кој што буквално 24/7 е тука за нас. ЉУ-ДИ-НА!

Исто така сакам да ја издвојам и Цеца.

Ја сум воодушевен од таа жена и на начинот на кој што не бодри сите нас кои што се натпреваруваме и за време на дуелите но и зад кулисите.

6. Кој дуел ви бил најтежок досега?

Па јас искрено дуелите не ги гледам така.Сите ние како индивидуи излегуваме на таа сцена и во тие 3 минути го покажуваме тоа што го имаме припремено и даваме се од себе. Ако треба да издвојам кои песни ми биле најтешки или со други зборови најголема одговорност сум чувствувал би биле сите од нашиот еден и единствен Тоше.

 

7. Што мислите кој ќе победи на Ѕвездите на Гранд?

Па искрено секој како индивидуа да не бидеме лажно скромни верува и сака да победи,но сметам дека тоа е најмалку битно бидејки во многу ситуации се покажа дека не треба да победиш за да направиш убава кариера.

Ова такмичење ќе се заврши за многу брзо и сметам дека дури тогаш започнува вистинскиот маратон каде што треба да си константен и активен од аспектот музика.

8. Откријте ни што се случува зад кулисите, ние гледачите го гледаме само тоа на сцената. Како изгледа бекстејџот , дали постои тензија, кавги, ривалство меѓу натпреварувачите?

Знам дека ќе звучи клише ама верувале или не оваа сезона не можам да опишам со зборови какво другарство владее зад кулисите на Гранд. Сите сме како една голема фамилија и се поддржуваме максимално. Зад сцената владее страшна позитива и јас сум првиот циркузант што ја држи таа позитивна енегија и пробува сите да се расположени хаха.

 

9. Сите ве знаат како момчето родено во Чикаго, раскажете ми каква е вашата приказна како испадна тоа да се родите на другата страна од светот? Има ли нешто што и денес ве врзува со таа земја?

Тоа ќе мора мајка ми да ја прашате хаха.Се шалам.Голем дел од мојата фамилија живеат во САД.Мајка ми ја донесе таа одлука дека сака да не роди мене и брат ми таму и мислам дека подобра одлука не можела да донесе и сум и благодарен до небо за истото.

10. Сте биле ли изминативе години повторно во Америка?

Да летово бев во Америка каде и што го добив повикот да се вратам во Гранд.

11. Дали би се вратите да живеете таму?

Сега за сега немам размислувано дали сакам да живеам таму бидејки сакам тука да градам кариера и да се бавам со тоа што ме покренува а тоа е музиката. Утре можеби патот ќе ме однесе таму но сега за сега одговорот е не.

12. А, дали ако ви се нуди шанса би останале да живеете во Белград?

Кога станува збор за Белград дефинитвно би прифатил да останам доколу ми се понуди нешто добро бидејки сметам дека Србија е најдобра за музичкиот пазар.

13. Какви се вашите планови за вашата кариера со оглед на тоа што студирате на Правен факултет(до каде сте со студиите?) Дали ќе бидете адвокат што пее или пејач што брани? 😊

Хаха.Ах тој факултет.Искрено поради премногу обврски факултетот последниве неколку месеци е на стенд бај хаха но многу малку предмети се во прашање до моето дипломирање што верувам дека летово и ќе се случи.

Ќе бидам пејач што брани😂

14 .Откријте ни малку повеќе за вас. Имате ли некакво хоби? Дали поседувате некаков талент за кој јавноста не знае?

Па хоби ми е теретаната.На Гранд тоа не излезе на виделина бидејки се здобив со повреда на кичмата и стагнирав неколку месеци што резултираше да добијам на килажа хаха,ама не се даваме вратен сум во теретана активно.

Па да имам талент-  луѓето добиваат нервен слом да од мене хахаха.

Темпераментен сум и тоа страшно многу ама мислам и дека луѓево ме навикнаа.

15. Дали освен преубавиот глас можеби знаете и да свирите на нешто?

Свирам клавир 12 години и имам завршено нижо музичко.

14. Дали вашата дарба за пеење е наследна?

Животна мистерија дома е како е можно од никого да го немам наследено талентот за пеење.

15. Каква музика слушате приватно?

Искрено слушам се што ми прија на ушите не делам.Слушам и рок и поп и рап од се по малку.

16. Дали сте заљубен? Дали сте во љубовна врска?

Моментално такво нешто нема. Дали фокусот моментален на музиката ми дава дефокус на тоа поле не знам,ама верувам дека ќе си дојде и тоа.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button