Кафе муабет

Не внесувајте подароци од овие луѓе во домот – може да донесат кавги, болести и разделби

Фенг шуи верувањето предупредува дека не секој подарок е благослов, некои подароци ја внесуваат туѓата завист во домот трансформирајќи ја во темна енергија.

Advertisement

Според фенг шуи експертите, секој предмет што го внесуваме во домот носи енергија од личноста која го поседувала или подарила.

Затоа е важно да се внимава не само какви работи примаме, туку и од кого ги добиваме. Подароците не се секогаш симбол на добри намери, понекогаш тие се носители на негативни вибрации што можат тивко, но силно да влијаат врз хармонијата во домот.

Advertisement

Се верува дека најопасни се подароците кои доаѓаат од луѓе исполнети со завист, лоши мисли или скриено незадоволство. Таквите предмети, велат познавачите на фенг шуи, можат да внесат немир, кавги, па дури и болест во семејството.

пекселс

Некои традиции предупредуваат дека дури и успешен брак може да се разниша ако во домот се чува предмет што ја носи енергијата на завидлива личност.

Ако при добивањето на подарокот почувствувате непријатност, тежина или некакво чудно чувство – послушајте ја својата интуиција. Не го чувајте тој предмет, и не го складирајте на таван или во подрум. Најдобро е да го исфрлите веднаш, без грижа на совест! Некои дури препорачуваат таквите подароци да се запалат, за енергијата целосно да се уништи.

Advertisement

Во домот треба да има само предмети кои носат спокој, радост и љубов. Сè друго, само го оптоварува просторот и ја заматува позитивната енергија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button