Реклама
MAMAКафе муабет

Не трудете се некој да ве забележи, туку да ја почувствува вашата отсутност

Реклама

Никогаш не престанувајте да бидете светло, затоа што секогаш ќе се почувствува моментот кога ќе ве нема.

ФОТО: unsplash.com

Бидете едноставен човек, луѓето во друштво со такви личности се чувствуваат подобро. Не мора да размислуваат кој збор ќе го кажат следно, кои фрази ќе ги користат и како да се однесуваат. Со едноставните личности животот станува едноставен, а тоа е она што сите го сакаме.

Со позитивните зборови станувате личност во чијашто присутност сакаат да бидат сите, затоа што на сите им е преку глава од личности кои најавуваат несреќи и пропаст. Не трудете се некој да ве забележи, туку да се почувствува вашата отсутност.

Маркетинг

Нека луѓето во вашата близина секогаш се чувствуваат прифатени. Прифатете ги онакви какви што се, со сите нивни добри и лоши страни. Не пристапувајте им со некое возвишено мислење за себе, туку едноставно во пријателството покажете дека имате уво и срце за нивните грижи и проблеми, па секогаш бидете подготвени да ги сослушате што имаат другите да ви кажат.

Не судете ги другите, туку обидете се да ги согледате работите од нивен агол. Најмногу промени во светот настануваат под влијание на луѓето кои никогаш не сакале никој да променат, туку само биле патоказ со своето однесување кое ги воодушевило другите и го променил нивниот начин на живот. Не трудете се некому да докажете дека се присутни. Дозволете да почувствува кога ќе заминете. Не прекинувајте да бидете светло!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button