Докторите предупредуваат: храната никако НЕ треба да ја ставате во алуминиумска фолија
Последиците од алуминиумската фолија можат да бидат навистина сериозни, дури и појава предвремена Алцхајмерова болест.
Ако користите алуминиумска фолија за готвење или за складирање на храната, време е да ја смените оваа навика, бидејќи докторите издадоа низа сериозни предупредувања. Поточно, алуминиумот што го содржи фолијата може многу лесно да се влезе во храната, а ова посебно важи за печењето, бидејќи колку е температурата повисока, толку повеќе алуминиум завршува во храната што ја јадеме и ја даваме на нашите деца!
д-р Зубаиди, еден од авторите на студијата, предупредува дека ова може да доведе до низа опасни болести. Лекарите предупредуваат дека станува збор за количини на алуминиум, кои се исклучително штетни за здравјето. Опасно е да се подготвува храна на алуминиумска фолија, да се подгрева или да се лади на неа.
Што ќе се случи со вашиот организам ако пиете сок од ананас секој ден во текот на една година >>
Доктор Зубаиди вели дека алуминиумската фолија не треба да се користи ниту за готвење, ниту пак за складирање на храната, посебно не за некои прехранбени производи, како што се доматите, агруми или зачини. Таложењето на алуминиум во организмот може да доведе до сериозни болести како што се, на пример, остеопороза и Алцхајмерова болест.
Зголеменото ниво на алуминиум во организмот доведува и до високо ниво на калциум во крвта, што е и најчест показател дека во телото има премногу алуминиум. Претходни студии покажуваат дека кај луѓето кои страдаат од Алцхајмерова болест се пронајдени наслаги од алуминиум во мозочното ткиво. Докторот вели дека алуминиумската фолија не е опасна ако се користи за складирање на ладна храна, но исто така забележува дека треба да се избегнува и алуминиумски прибор за јадење и садови.
Каква храна (не) треба да јадете ако се борите со кандида >>
Наместо алуминиумска фолија треба да се користи мрсна хартија за печење.