Не сокривајте ги своите чувства, не обидувајте се да ги задоволите другите – бидете она што сте!
Живееме во свет каде што покажувањето на чувствата се смета за нешто ранливо и слабо. Поради тоа се губиме самите себеси. Се правиме студени и мирни.
Зошто? За да се вклопиме со другите? СМешно е тоа што светот и понатаму не е среќен. Ако сте премногу студени – ќе ви кажат да се промените. Тој круг секогаш продолжува… Зошто? За да бидете како останатите? Во обидот да се вклопите со другите, целосно се губите себеси. Станувате некој на кој светот му ги наредува чувствата. Зошто? За и понатаму да бидете несреќни? Затоа прекинете го овој круг.
Не дозволувајте светот да ви ја убие вашата чувствителност. Не дозволувајте светот да ве направи студени. На светот не му се потребни луѓе кои ќе ги убиваат туѓите чувства. Зошто да станете како нив? Бидете она што сте, покажете ја секоја емоција која ја чувствувате. Поради тоа сте единствени, токму поради способноста да чувствувате. На светот му треба тоа.
Не е важно што мислат другите за вас,, додека вие сте исполнети и среќни со она што сте!