Реклама
Блог

Така и требаше, сама си го бараше, време беше да си го добие – безобразни коментари на кои МОРАМЕ да реагираме и да ги осудиме

Реклама

Што не е во ред со нас?

Не можеме да веруваме, но некои навистина претераа коментирајќи го случајот со пејачката Наташа Беквалац. Имено, под веста што ја објавивме дека Наташа беше нападната и претепана од нејзиниот сопруг, и тоа пред очите на нејзиното двомесечно бебенце, некои напишаа недолични коментар потсмевајќи се и критикувајќи ја пејачката дека сама си го барала. Каква глупост, нели?

Маркетинг

„Крајно време беше да си добие по носот“, „Ништо не и е, можела и потешко да помине“, „Па зарем ова не и е трет брак?“ се само дел од коментарите кои ги избришавме од социјалните мрежи и кои потполно не фрапираа. Уште повеќе сме изненадени што меѓу ваквите коментари кои во главно ги пишуваа претставниците на посилниот пол, има и девојки кои вината ја префрлија на жртвата што е потполно неразбирливо според нас и ги преминува сите граници.

Маркетинг

Имено, можете да ја сакате Наташа Беквалац како пејачка или не, но таа беше жртва на насилство, и тоа не смее да се премолчи. За осуда се и не смеат да се толерираат и сите оние кои во неа ја бараат вината, бидејќи денес е таа жртва, но утре би можела да биде некоја друга девојка, можеби некоја што ја познаваме и до која ни е дојдено.

НЕ, насилството не смее да се толерира и затоа кога следниот пат ќе слушнете некоја жена да бара помош, не вртете ја главата и не правете се како ништо да не се случува. Одбранете ја жената и пријавете го тоа говедо .


 

И никако не смеете НИКОГАШ, ама баш никогаш во претепаната жена наместо жртва да гледате некој што тоа го заслужил. Едноставно не само што НЕ е кул дигањето на рака на жена, односно на некој за кој однапред знаете дека не може да ви врати, туку тоа и МОРА и гласно да се осуди.

 

А во овој случај мајката беше нападната пред нејзиното бебе и за таквото однесување не смее да има оправдување!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button