Не сме уморни од животот, уморни сме од разочарувања, повреди и предавство, уморни сме од нечовечко однесување на кое луѓето во последно време се навикнаа да ги решаваат проблемите. Уморни сме од самосожалувањето, од непрекинатите стравови дека ќе паднеме, дека ќе изгубиме нешто, дека ќе бидеме измемаени и оставени, без можност да го согледаме подоброто утре.
Не сме уморни од животот, уморни сме од гледањето назад, во минатото, сеќавањето на добрите денови кои никогаш нема да се повторат. Уморни сме од чувството дека секогаш нешто ни недостига за да бидеме целосни, среќни и силни. Уморни сме од зборовите кои сме ги изговориле, а сме сфатиле дека ништо добро не ни донеле, уморни сме од очекувањето дека животот ќе биде подобар, а сепак продолжуваме со истите мисли и навики.
Не сме уморни од животот, уморни сме од докажувањето на другите дека сме во право, докажувањето на своите идеи, соништа, верски уверенија. Уморни сме од чувството на помала вредност, од грижата која прави да потонуваме подлабоко. Уморни сме од постојаното повторување на истите грешки, а ништо не учиме од нив.
Не сме уморни од животот, ние сме желни да живееме, желни сме за оние убави чувства, за внимание, нежност, убави зборови, желни сме некој да ни каже дека сме значајни. Желни сме да се потпреме на нечии гради, да слушаме нечиј глас, да се мотивираме да го правиме она за што е вредно да живееме!