Наши ѕвезди

Не само што се преполови, туку го направи и најтешкото – БРАВО за Тамара, ова заслужува пофалби (фото)

Еве како пејачката успеа да се реши од вишокот килограми...

Advertisement

Големо БРАВО за нашата Тамара…

Познатата поп-пејачка, Тамара Тодевска, во една пригода откри дека успеала да ослабне околу 20-на килограми, а она што може да се забележи е дека таа го направи и потешкото – успеа да не ги врати назад килограмите и да остане во топ форма.

Advertisement

Тамара и денес неколку години по драстичната промена изгледа одлично, што значи дека нејзиниот рецепт беше повеќе од успешен.

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Тоа може да го видиме и од нејзиниот Инстаграм профил каде Тамара речиси секојдневно споделува фотографии на кои носи најразлични комбинации и изгледа како излезена од модните магазини.

Advertisement

Имено, пејачката пред неколку години реши да го промени начинот на живот и почна повеќе да внимава на својата линија.

Инстаграм/ Тамара Тодевска

По двете бремености таа значително се поправи и некое време имаше проблем со вишок килограми, но по 10 месеци редовни тренинзи и здрава исхрана, како и редовни третмани во козметички салони, пејачката успеа да се врати во топ форма, и што е најважно – истата и да ја задржи, што можеби е и најтешко.

Па така Тамара во еден момент на социјалните мрежи се пофали дека успеала да изгуби дури 20 килограми, што беше неверојатен успех.

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Оттогаш често може да ја видиме како вежба во теретана, така што пејачката на овој начин ја одржува својата форма.

Впрочем за тоа зборуваат и овие фотографии што сама ги има објавено, направени додека вежба, кои ни откриваат дека таа не се шегува кога е нејзиниот изглед во прашање.

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Па така покрај специјалниот режим на исхрана и доследноста во одлуката да ги исфрли штетните намирници  дадоа резултат, но редовните тренинзи истиот го направија и уште поубедлив.

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Хуманитарниот концерт на Тамара

Потсетуваме, Тамара на 8. мај во МКЦ ќе одржи хуманитарен концерт за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.

Сите средства за од продадените влезници ќе одат во хуманитарни цели, а влезници можат да се набават на MK Tickets.

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Пејачката непосредно пред концертот промовираше и една песна со која никого не остави рамнодушен.

Станува збор за преработка на безвременскиот макфестовски евергрин на Игор Џамбазов од 1992 година „Нема време за плачење“.

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Тамара оваа песна ја изведе на генијален начин, а ја преработи со нејзиниот пријатели колега, Роберт Билбилов.

„На само неколку денови до хуманитарниот концерт во МКЦ, заедно со мојот добар пријател и соработник Роберт Билбилов решивме да ви подариме една нова верзија од безвременската „Време за плачење“ – една од моите омилени песни од маестро Џамбазов“, сподели пејачката Тамара Тодевска, а во прилог ја објави новата верзија на легендарната песна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button