MAMAДом и семејство

„Не сакам во училиште“ – оваа реченица родителите никако не смеат да ја игнорираат, еве што да направат

Стравот од училиште не е „детска измислица“ туку сериозен проблем што може да се јави на секој возраст.

Advertisement

Ако мислите дека одбивањето да се оди на училиште е карактеристично само за првачиња на кои им е тешко да се одвојат од родителите, грешите.

Стравот од училиште може да се јави во сите возрасни групи, од основците до средношколците. Зад едноставната реченица: „Не сакам во училиште“, често стојат многу подлабоки и посериозни проблеми.

Advertisement

Стручњаците предупредуваат дека ваквите ситуации се почести отколку што мислиме, а причините се разновидни – од страв од одвојување, преку несигурност и ниска самодоверба, па сè до врсничко насилство.

Како да го препознаете стравот од училиште кај детето

Децата кои се плашат од училиште честопати го манифестираат својот страв преку физички симптоми. Родителите забележуваат дека наутро детето има:

мачнина,

Advertisement

болки во стомакот,

главоболка,

забрзано чукање на срцето,

напнати мускули.

Интересно е што сите овие симптоми речиси секогаш исчезнуваат за време на викендите или распустот. Тоа покажува дека не станува збор за „глума“, туку за психолошки товар кој телото го претвора во физичка реакција.

Страв од неуспех и срам пред соучениците

Кај постарите ученици често се јавува друг вид на страв – страв од одговарање пред цело одделение. Многу деца иако добро го научиле материјалот, во моментот кога ќе застанат пред табла добиваат блокада. Стравот дека ќе погрешат и ќе бидат исмеани знае да биде толку силен што некои деца избегнуваат часови, добиваат слаби оценки иако се подготвени, а чувството на неуспех станува сè подлабоко.

Кога љубовта на родителите станува товар

„Ќе бидеш одличен ученик, ќе имаш само петки!“ – реченица што родителите ја изговараат со најдобра намера, но за детето може да стане огромен товар. Стравот да не ги разочара мама и тато е еднаков на стравот од неуспех во училиште.

Особено чувствителни се децата кои доживеале семејни трауми – развод, смрт на блиска личност или чести конфликти во домот. Кај нив често се јавува чувство дека со останување дома можат „да ја спасат“ својата семејна целина.

пекселс

Врсничкото насилство – тивок корен на многу фобии

За жал, зад одбивањето да се оди на училиште често стои и врсничко насилство, односно, вербално навредување, задевања, па дури и физички напади. Децата кои тешко склопуваат пријателства се чувствуваат изолирани и отфрлени, што училиштето го претвора во место на страв, наместо простор за учење и дружење.

Што можат да направат родителите?

Првиот и најважен чекор е разбирање. Стравот од училиште не е „беснеење“, туку сигнал дека детето страда. Наместо училишните задачи да бидат единствена тема, разговарајте за убави и интересни нешта: „Што те израдува денес?“, „Со кого најмногу се дружеше?“.

Секој напор треба да биде пофален, независно од оценката. Детето учи за знаење и искуство, а не само за оценки.

Охрабрете го детето да зборува за своите емоции и никогаш не ги минимизирајте неговите стравови. Ако смета дека разговорот со училишниот психолог е „казна“, објаснете му дека тоа е помош, исто како посета на лекар.

Прекумерни очекувања, закани и уцени само го продлабочуваат проблемот. Наместо тоа, потребни се охрабрување, поддршка и пофалби кои му помагаат на детето да гради самодоверба и социјални вештини.

Во потешки случаи неопходно е советување со психолог или психијатар. Суштината е јасна – детето мора да научи да се соочи со својот страв, а не да бега од него. Секој мал чекор кон надминување на стравот претставува голема победа, и за детето, и за семејството.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button