Реклама
Блог

Не протестирам, туку се молам да нема граѓанска војна!

Реклама

Просто е како гравче…

Оние кои беа згрижени овие 10 години, го поддржуваат Скопје 2014 и за нив протестите меѓу другото значат и сквернавење на културното наследство на кое се горди колку и да звучи тоа забегано и нелогично, гледано без емоции. Од друга страна пак, оние незадоволните, заедно со оние прогресивните, преку глава им е од полтронизмот, непотизмот, арамилакот и што ли уште не на овие другиве, и сакаат да и стават крај на таквата агонија. За нив спомениците не се ништо друго, туку само симбол на една луда тиранија на која што поскоро треба да и се застане на патот. И сакаат демократија. А не партија-држава! Прашањето е кој ќе биде виновен ако започне граѓанска војна или ако се пролее невина човечка крв? Соросоидите или грујевистите? Предавниците или книшкарите? Невработените или административците? Педерите или курвите? Лезбејките или оние бабите со црвен кармин на усните што ги бранат спомениците на Сител ТВ само затоа што нивните деца и внуци се вработија во Македонски шуми? Кој? Според мене, виновни сме сите, а ако сакате да останете невини како пред себе, така и пред вашиот Бог, од која и да е религија, останете си дома, со трезна глава, и не протестирајте. Ниту за едните, ниту за другите. Работата е матна… Не, туку молете се вашиот Бог да ве спаси од ѓаволот кој ни ора ни копа, туку си седи на страна, во сенка на истите тие споменици, си фаќа сеир и си гледа како неговите тиквички на сите страни си никнат како печурки по дожд.

Маркетинг

Ех, да беа барем оние кои го менуваат нашиот поглед на светот…

{youtube}ukfKLJ4ImyE{/youtube}

Маркетинг

Необјавен Фејсбук статус на Робин Худ Џуниор од Кривогаштани

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button