Дом и семејство

Никогаш не терајте го детето да ги прави овие работи. Не правете ги и вие овие родителски грешки!

Advertisement

Родителството е најголемиот, но и најтешкиот предизвик во животот кон кој треба да пристапиме одговорно и свесно. Никој не може да биде совршен, но важно е да се биде добар родител. Еве кои родителски грешки се најчести, па обидете се да не ги правите и вие.

ФОТО: elunanetwork.org

Не терајте го детето да јаде ако не е гладно

Лекарите советуваат три големи оброка дневно и пет помали, меѓутоа, треба да имате на ум дека секое дете е различно.

Advertisement

Не форсирајте го да биде она што не е

Ако вашето дете е срамежливо, прифатете ја таа негова особина и не обидувајте се да го менувате. Не терајте го да се дружи со многу деца, ако сака да си игра само со еден најдобар другар.

Не треба да се извинува ако не знае каде згрешило

Честопати ќе слушнете како родителите им наредуваат на децата да се извинат поради одредени работи. Децата ќе се извинат, но всушност не знаат што лошо направиле. Затоа, објаснете им каде грешат.

Не инсистирајте да им мавне со рачето на сите кои поминуваат

Правилото „не зборувајте со странци“ им помага на децата да се заштитат од оние чиишто намери не се добри.

Advertisement

Не присилувајте ги да спијат во свое креветче ако не се спремни за тоа

Секој родител има свое мислење, но, генерално, децата не треба да ги присилувате да прават нешто за што не се подготвени. Дозволете им самите да одлучат кога се спремни да спијат во своја соба и свој кревет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button