Реклама
MAMAКафе муабет

Не плашете се да изгубите, туку запрашајте се што можете да научите од тоа

Реклама

Не плашете се од губењето во вашиот живот, без разлика дали станува збор за луѓе или работи.

Кога некои луѓе ќе заминат од вашиот живот, се отвора место за доаѓање на некои нови. Кога ќе изгубите некои работи кои ви прираснале за срцето, во вашиот живот се отвора простор за да примите многу драгоцености, за нешто што е навистина вредно и што може да ви донесе ново исполнување.

Маркетинг

Не плашете се од губење, зашто така станувате поголеми. Од самото раѓање губиме едно нешто, за да примиме нешто друго. Единствено запрашајте се што значи тоа губење и каква лекција може да ве научи, какви нови можности ви нуди. Прифатете ги промените со отворени раце и не жалете премногу за она што поминало, туку останете храбри и исправени пред новото што доаѓа. Единствено треба да се плашите да не се изгубите себеси, затоа што тоа губење никој и ништо не може да ви го надомести.

Сите искуства се овде за да пронајдете некоја нова причина за живеење и да се потсетите дека не сме вечно на овој свет. Најважно е да бидете добра личност која ќе остави траг во нечиј живот. Ако сакате некого и ако сте сакани од некого, тогаш тоа е вистинската добивка.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button