Реклама
Нега и здравје

Не пијте вода без потреба: Еве колку е дозволено дури и кога надвор е жешко

Реклама

Научниците тврдат дека во последните години сѐ попопуларен е трендот за внесување што поголема количина вода.

Научниците тврдат дека во последните години сѐ попопуларен е трендот за внесување што поголема количина вода. Иако често се наведува како строга препорака, сепак, осум чаши вода на ден всушност е мит. Имено, количината на потребна вода зависи од организам до организам, па не постои точна одредена бројка која би се однесувала на сите луѓе. Освен тоа, човекот од 20 до 30% вода добива преку храната, особено во летните месеци кога сезонското овошје и зеленчук е богато со вода. Така на пример, краставицата, лубеницата и сличните намирници може да го хидрираат организмот, па најверојатно би имале и помала потреба за пиење вода. Возрасните здрави личности ретко имаат проблем со дехидрацијата, затоа што организмот тоа најпрво ќе им го најави, а најзагрозени се старите, хронично болните и децата.

Маркетинг

 

Постои и зависност од вода

Маркетинг

Во текот на минатите децении луѓето почнале да зборуваат за тоа дека се зависни од пиење вода. Но, тоа нема само добра страна, затоа што честопати се бележат и случаи во кои луѓето имаат потреба секоја минута да земаат голтка вода и никаде не одат без шише.

voda

Тоа може да резултира со нарушена работа на бубрезите и нарушување на сонот поради честото мокрење. Исто така се бележат и случаи на смрт поради предозираност со вода, по испиени неколку литри во кратко време.

Колку навистина треба да се пие вода?

Реално, на жените им е доволно околу 1,6 литри дневно, а на мажите околу два литра – исклучиво вода. Но, како што веќе наведовме, со земање намирници богати со вода, таа потреба се намалува. Постои и подобро мерило, а тоа е бојата на урината. Ако е темна, тогаш дефинитивно ви недостига вода, затоа што урината треба да биде свело жолта. Кај претерана хидратација, таа станува речиси безбојна, како вода.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button