Реклама
MAMAКафе муабет

Не загорчувајте се себеси и не одмаздувајте им се на оние кои ве повредиле – оставете животот да се погрижи за нив

Реклама

Не одмаздувајте им се на оние кои ве повредиле, оставете животот да се погрижи за правдата! Болката добиена со повредата е навистина тешка, и колку личноста што ве повредила ви е поблиска, толку поголема е и болката. Но, возвраќањето на ударот и одмаздата понекогаш знаат да болат многу повеќе, а притоа нема да го решат проблемот.

Не одмаздувајте им се на оние кои погрешно се однесувале кон вас. Светот кој го гледаме е само свет погледнат од нашиот агол, ништо повеќе од тоа, па не знаеме што се случува навистина, зошто некој прави нешто, а не можеме да ги претпоставиме ниту последиците. Во целиот предизвик на повредување можете да ја изгубите само својата сила. Запаметете дека вашиот мир е драгоценет и дека вреди повеќе од која било одмазда.

Маркетинг

Одмаздата може да трае еден ден, но горчината која ќе ја чувствувате потоа ќе ве прогонува уште долго време. Ништо не го возвишува човекот толку колку неговата способност да ја поднесе моменталната неправда затоа што е свесен дека животот не е приказна со едно поглавје кое веднаш завршува, туку приказна со илјада такви. Може во ова поглавје да изгледате како губитник, а веќе во идното работите ќе се променат. Вистинската сладост на победата и на внатрешниот мир ништо не може да ги промени.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button