Гламур интервју со Никола Станишиќ, победникот во „Ѕвездите на Гранд“
Шармантниот Никола Станишиќ од Македонија со 138 714 гласови победи на регионалното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ и ја освои посакуваната ласкава титула. Победата со многу емоции и солзи во очите Никола ја прослави на сцената со песната „Бисер балкански“ и со македонското знаме. Покрај признанието и статуата, тој беше награден и со автомобил „Фиат“, како и комплетен маркетинг што ќе му помогне во неговата понатамошна кариера.
Никола во текот на целиот натпревар пееше само македонски песни, а еден од нај трогателните моменти од финалето беше кога тој ја изведе песната „Ако утре ме нема“ од групата „ДНК“ и го посвети својот настап на жртвите од трагичниот пожар во Кочани.
За победата вели дека и после овој долг период се уште не е свесен дека е победник и дека тоа е огромна работа и голема обврска.
– Па реално уште не сум свесен дека сум победник, затоа што мене се ми е уствари всушност дека не е нормално да бидеш победник, тоа е огромна работа и голема oбврска. Еве и ден денес учам што и како треба да правам- вели Никола во разговор за Гламур.
Целото интервју со победникот прочитајте го во продолжение.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Прашање: Никола пред се честитки за победата во „Ѕвездите на Гранд“. Дали конечно успеа ли да ги средиш емоциите и доживувањето од победата?
Ви благодарам, па да помина таа еуфорија, добро е сега, се е нормално како што си беше :)
Прашање: Дали очекуваше да победиш и воопшто да дојдеш до самото финале?
Па на самиот почеток и до средината на натпреварувањето искрено не очекував да стигнам до финале, но како поминуваа круговите така добивав милион пораки од Македонија и тоа ме даде мотив да верувам во себе.
Прашање: Колку влијанието на Цеца како ментор придонесе за победата, и каква е Цеца како ментор?
Кратко ќе кажам – Цеца е одлична како ментор.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Прашање: Што најмногу научи од неа?
Па, научив многу работи, најбитни ми се тоа да не се откажувам никогаш од ништо ако имам цел во главата, да верувам во себе и да слушам поискусни како Цеца.
Прашање: И покрај трагедијата што ја доживеа сепак не се откажа иако сакаше, што беше тоа што ти даде сила да продолжиш понатаму?
Па самата Цеца ми се јави и ми даде неколку совети и ме замоли да продолжам со натпреварувањето.
Инстаграм
Прашање: Дали си свесен што направи и колкав успех постигна. Те чека сосема нов пат, спремен ли си?
Па реално уште не сум свесен дека сум победник, затоа што мене се ми е всушност дека воопшто не е „нормално“ да бидеш победник, тоа е огромна работа и голема oбврска. Еве и ден денес учам што и како треба да правам.
Инстаграм
Прашање: Што научи од Марија пак како ментор и која има подобар пристап?
Ништо посебно, ама Цеца е Цеца.
Прашање: Имаше ли прилика да го запознаеш Саша Поповиќ и каков беше тој како човек?
Да, имав прилика да се натпреварувам и пред пет години. За мене беше океј и човек на место со карактер и сите се плашеа од него, неговиот збор беше последен, тој како ќе кажеше на крај беше така.
Инстаграм
Прашање: Твојот татко исто така е пејач и учествуваше во шоуто „Никогаш не е доцна“. Колку тој ти беше поддршка во сето ова и кој друг освен него те бодреше цело време?
За татко ми не зборувам.
Прашање: Кој е твој идол од естрадата ?
Идол како идол кај нас немам, ама учам од најдобрите како Наум Петрески кога станува збор за народната музика.
Инстаграм
Прашање: Имаше прекрасен пречек како вистинска звезда во твоето Волково, дали беше изненаден?
Па искрено да, се ми беше како на сон затоа што претходно само можев да сонувам за такви работи, но ете ми се исполнија неколку соништа.
Прашање: Имаш најава и за победнички концерт во Скопје во договор со градоначалникот Бобан Стефковски. Ќе ни откриеш ли повеќе детали, кога тој би требало да се случи?
Бобан е многу добар човек, се видовме се запознавме и ми кажа дека секогаш е тука за мене и му благодарам за тоа. И да, се надевам дека концертот ќе биде на 26 август, цел концерт ќе го покрие Бобан.
Прашање: Од кога Никола е со музиката и како дојде до тоа да почнеш за се занимаваш со ова?
Од 16 години со караоке звучници, па на Пинкови ѕвезди, па од 17 години со свадби и еве ден денес работам секој викенд.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Прашање: Заљубен ли си ?
Не.
Прашање: Како реагираат луѓето кога ќе те видат на улица?
Па да, приоѓаат сакаат да се сликаат, ме фалат, и мене навистина ми е многу мило поради тоа и многу ми значи.
Прашање: Кои се твоите планови со оглед дека те чека работа на градење на кариера, дали ќе биде тоа само во соседството или и во Македонија?
Снимам периодов и македонски песни и српски, па ќе видиме каде ќе има повеќе работа.
Прашање: Дали можеби ќе се појавиш на некој од фестивалите и дали имаш желба?
Не сум размислувал на таа тема, може зошто да не, ако некој ми понуди добра песна.