Реклама
MAMAКафе муабет

Не обрнувајте им внимание на навредите и понижувањата, научете да ги игнорирате

Реклама

Постоел еден монах кај кој доаѓале луѓе од далечни краишта, а важел за личност која секогаш е смирена и за човек кој е невозможно да го навредите.

ФОТО: dominicavibes.com

Ова го слушнал некој лош човек и решил да го тестира мудрецот. Отишол до него и штом го погледнал почнал да го навредува и да го понижува со најгрди зборови. Откако завршил, видол дека монахот и понатаму е смирен и присебен, како и пред неговото доаѓање. Тоа страшно го изнервирало, па продолжил да пцуе уште полошо од претходно, но залудно, тоа воопшто не допирало до мудрецот. Кога останал брз зборови и ја изгубил својата енергија, човекот одлучил да му пријде на монахот и да ја дознае неговата тајна.

Како не ви е грижа што мислат другите за вас, како не реагиравте никако, а јас не понижував и навредував? – прашал човекот.Синко, може ли да ти поставам само две прашања? – прашал мудрецот.

Маркетинг

Секако – одговорил човекот.Ако ти мене ми донесеш подарок, а јас не го прифатам, на кој припаѓа тој подарок?Па, ако не го прифатиш, тој и понатаму припаѓа на мене – одговорил човекот.

А сега, сине мој, ако ти за мене имаш само навреда, а јас не ја прифатам, кому припаѓа таа? – заклучил мудрецот, се свртел и занимал, а лошиот човек останал во бунило.

Маркетинг

 

Поврзано

Back to top button