Ако мислевте дека можете да ги излажете Скорпиите и Близнаците, е тогаш навистина се лажете! Тие имаат способност да ја откријат секоја лага и се вистински детективи. Подобро за вас е да ја кажете вистината отколку подоцна да се обидувате да наоѓате оправданија.
Скорпиите веднаш ги препознаваат лагите, а ако се прашувате зошто, одговорот е следниов: Тие можат да препознаат лаги затоа што и самите се одлични лажговци и манипулатори, па ги знаат сите изговори и постапки. За нив не постои некоја техника која не е совладана и знаат како треба да влијаат врз другите за да ги остварат своите цели. Затоа, не е ни чудно што уште од почеток ќе успеат да ги намирисаат лагите и тука да заврши вашата игра.
Што се однесува пак до Близнаците, и тие спаѓаат во оваа група. Нивните детекторски способности се развиваат преку нивната комуникација со луѓе. Близнаците не сакаат да бидат сами, сакаат постојано да бидат опкружени сопријатели, па веднаш знаат на кој може да веруваат, а на кој не.
Иако овие личности се многу дружељубиви и секогаш ќе ги видите на некоја забава, сепак, тие не веруваат толку лесно и имаат само неколку вистински пријатели на кои може да се потпрат кога им е навистина тешко.